Menu Close

СООПШТЕНИЕ за теренска настава

Студентите кои треба да одат на теренска настава да се пријават и да донесат 1000 денари за превоз кај Срѓан Вујиќ на ден 15,05,2019 година од 10 до 13 час.

Поаѓање: Во понеделник (27ми мај 2019) во 07.30 часот кај Неоком – Железничка станица Скопје, два автобуси, број на патици околу 90-100

Програма:

Ден 1: Паување кон Битола со две попатни застанувања за собирање на растенија. Потребно е да се носи опремата за собирање на растенија горе во автобусот. Слободно време за ручек (во сопствена режија) од 2-3 часа во Битола. Пристигнување во Крани, сместување и повторно се оди на терен за собирање. Вечера во хотелот.

Ден 2 и 3: После доручек во 8.30 часот се тргнува со автобусите на терен. Едната група оди на Галичица а другата група оди накај с.Брајчино, пешачење и собирање на растенија. Враќање во хотелот, ручек, одмор или активности на плажа. Вечера. Третиот ден само менуваат групите и повторно има вечерна едукативна сесија во хотелот.

Ден 4. После доручекотсе напушта хотелот. Двата автобуси одат во НП Пелистер преку Битола (х. Молика). Пешачење и собирање на растенија. Ручек (обезбедени се ручек-сендвичи од хотелот) пауза на Копанки. Враќање кон Скопје околу 17 часот.

                                                                                                Од Катедрата