Menu Close

Актуелности

На Фармацветскиот факултет во тек се уписите за втор циклус студии на следните студиски програми:

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ  Број на студенти  Траење на студиите во семестри  Школарина (во евра)  Школарина за странски државјани
Специјалистички студии        
Здравствен менаџмент и фармакоекономија 30 2 2000 3000
Фармацевтска регулатива 30 2 2500 3750
Фармаковигиланца 30 2 2500 3750
Индустриска фармација 22 2 2000 3000
Магистерски студии        
Здравствен менаџмент и фармакоекономија 30 4 3000 4500
Диететика и диетотерапија во фармацијата 15 4 2000 3000
Лабораториска анализа и инженерство во фармацијата 15 4 3000 4500

Рок за пријавување до 16.10.2026 година, во Архива на Фармацевтски факултет.

Секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

  • При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
  • потпишани универзитетски пријавен лист и интерен пријавен лист (генерирана од iKnow-системот);
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение), а за кандидатите кои завршиле во странство
  • Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија (за странски државјани)
  • куса биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50:
    • Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје;
    • Банка на примачот: НБРСМ;
    • Тансакциска сметка 100-0000000-630-95;
    • Уплатна сметка 840-ХХХ-03161;
    • Конто 722313 00);

Врз основа на член 4 од Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2026/2027 година (бр. 02-1016/5 од 17.9.2026 г.), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објавува

И Н Т Е Р Е Н   О Г Л А С

за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2026/2027 година

Повеќе информации на следниот линк.

Топло добредојде за новата генерација студенти на УКИМ – Фармацевтски факултет, Со првиот академски час започнува едно значајно поглавје исполнето со нови знаења, откритија, пријателства и можности за личен и професионален развој. Почитувани студенти, Ви посакуваме успешен почеток, инспиративни студентски денови и истрајност во остварувањето на вашите цели.

Третата Деканска конфернција на фармацевтските факултети од југоисточна Европа

Деканот на УКИМ- Фармацевтски факултет, проф. д-р Зоран Стерјев и Продеканот на меѓународна размена и наука, проф. д-р Ѓоше Стефков од 27-28.9.2026 присуствуваа на Третата Деканска конфернција на фармацевтските факултети од југоисточна Европа која се одржа во Белград. На конференцијата беа договорени заеднички идни активности на соработка помеѓу факултетите на полето на едукација и наука. На конференцијата беше потпишана и Декларација за одржливост во фармацевтското образование.

ИЗВЕСТУВАЊЕ
за студентите од прва година на
Фармацевтскиот факултет – Скопје

Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги известува студентите од прва година дека свечениот час по повод почетокот на академската 2026/2027 година ќе се одржи на 1 октомври 2026 година (четврток), на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Првиот час на Фармацевтскиот факултет, во рамките на наставата за првиот семестар, ќе се одржи на 5 октомври 2026 година (понеделник), според следниот распоред:


Студиска програма

Предавална

Почеток

Магистер по фармација

Предавална 3

11:00 часот

Лабораториско биоинженерство

Предавална 1

10:00 часот

Диететика и диетотерапија

Предавална 4

12:00 часот

Им посакуваме добредојде на сите бруцоши и успешен почеток на академската 2026/2027 година!

Ориентациски ден за студентите од прва година

Драги бруцоши,

На 30.09.2026 (среда), со почеток во 14:00 часот, на Фармацевтскиот факултет во предавална 3 ќе се одржи Ориентациски ден наменет за сите студенти од прва година.

Ова е можност подобро да се запознаете со факултетот и да дознаете повеќе за:

  • 📚предавалните и лабораториите;
  • 🧪начинот на одржување на наставата и практичните вежби;
  • 🎓студентските активности и можностите за вклучување во истите;
  • 💬сите други работи што ве интересираат како нови студенти.

Во текот на настанот ќе имате можност слободно да поставувате прашања од каков било тип – без разлика дали се поврзани со наставата, испитите, практичните вежби, студентскиот живот или нешто што едноставно ве интересира.

Ве очекуваме заедно да го направиме вашиот прв чекор на Фармацевтскиот факултет полесен и поинтересен!

📌 За присуство на Ориентацискиот ден, Ве замолуваме да се регистрирате преку Google Forms формуларот на следниот линк.

 

РЕШЕНИЕ ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2026-2027 ГОДИНА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА МАГИСТЕР ПО ФАРМАЦИЈА НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „Св. КИРИЛ и МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ
Трет уписен рок

Повеќе инфорамции за запишување на примените кандидати на следниот линк.

РЕШЕНИЕ ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2026-2027 ГОДИНА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА МАГИСТЕР ПО ФАРМАЦИЈА НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „Св. КИРИЛ и МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ
Втор уписен рок

Повеќе инфорамции за запишување на примените кандидати на следниот линк.

Информација за слободните места за запишување студенти на прв циклус студии во втор уписен рок:

  • Студиска програма Магистер по фармација
    • 8 студенти во редовна квота со кофинансирање на студиите
  • Студиската програма Лабораториско биоинженерство
    • 4 студенти во редовна државна квота со партиципација и
    • 30 студенти во редовна квота со кофинансирање на студиите
  • Студиската програма Диететика и диетотерапија
    • 16 студенти во редовна државна квота со партиципација  и
    • 20 студенти во редовна квота со кофинансирање на студиите

Повеќе инфорамции за запишување на примените кандидати на следниот линк.

Известување за запишување и заверка на зимски семестар во учебната 2026-2027 година

Запишување и заверка на зимски семестар за учебната 2026-2027 година ќе се врши до 30.09.2026 година.
Повеќе информации на следниот линк.

Резултати од успехот од средно образование за кандидатите пријавени на Конкурсот за запишување на студенти во учебната 2026-2027 година

Кандидатите имаат право на приговор на објавената листа со резултати од успех во средно образование. Приговорите се упатуваат до Конкурсната комисија на Фармацевтскиот факултет, исклучиво во електронска форма на upisi-ff@ukim.edu.mk. Рокот за приговори истекува на 25.08.2026 (вторник) до 13:00 часот. Приговорите може да се однесуваат само на технички пропусти – грешки направени при пресметувањето на бодовите.

Пронајдок од Фармацевтскиот факултет при УКИМ добитник на признанието „Патент на годината за 2025“

Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особено задоволство информира дека пронајдокот „Кумарин-1,2,3-триазол-изатин хибридни молекули и нивна примена“, на пронаоѓачите проф. д-р Ана Поцева Пановска и доц. д-р Александар Димковски, го доби признанието „Патент на годината за 2025“, кое го доделува Државниот завод за индустриска сопственост.

Ова признание претставува значајна потврда за научно-истражувачката работа на Факултетот и за потенцијалот на академските истражувања да создаваат иновативни решенија со практична примена. Пронајдокот се однесува на нови хибридни молекули со фармаколошка активност, развиени во областа на медицинската хемија, со потенцијална примена во понатамошни истражувања поврзани со невродегенеративни состојби.

Признанието „Патент на годината“ претставува дополнителен поттик за унапредување на иновациската култура, заштитата на интелектуалната сопственост и развојот на применетото знаење во академската средина.

Фармацевтскиот факултет ја поздравува оваа иницијатива на Државниот завод за индустриска сопственост, која придонесува кон афирмација на иновативноста, патентната заштита и научно-истражувачката работа во земјата, и останува посветен на развојот на врвна наука, иновации и знаење со потенцијал за општествена и практична вредност.

Прв патент од Фармацевтскиот факултет при УКИМ во областа на медицинската хемија

Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особена гордост информира за значаен научно-истражувачки успех, добивање на првиот патент на Факултетот во областа на медицинската хемија, кој воедно претставува и прв патент на УКИМ во оваа област.

Патентот со наслов „Кумарин-1,2,3-триазол-изатин хибридни молекули и нивна примена“ се однесува на развој на нови хибридни хемиски соединенија со потенцијална примена во третман на невродегенеративни заболувања, вклучително и Алцхајмерова болест. Развиените соединенија делуваат како инхибитори на ацетилхолинестераза и бутирилхолинестераза, ензими кои имаат клучна улога во регулацијата на невротрансмитерот ацетилхолин.

Пронајдокот се базира на современ пристап во медицинската хемија односно дизајн на мулти-таргет молекули, кои овозможуваат истовремено делување на повеќе биолошки цели. Овој концепт е особено значаен во развојот на нови терапии за комплексни заболувања како што се невродегенеративните болести.

Пронајдокот е резултат на научно-истражувачката работа на проф. д-р Ана Поцева Пановска и доц. д-р Александар Димковски, реализирана во рамки на истражувачките активности на Фармацевтскиот факултет.

Со овој успех, Фармацевтскиот факултет ја потврдува својата посветеност кон развој на врвна наука, иновации и создавање на знаење со потенцијална практична примена. Воедно, овој патент претставува значаен чекор кон зајакнување на научно-истражувачкиот капацитет и интернационалната препознатливост на Факултетот и Универзитетот.

Фармацевтскиот факултет и понатаму ќе продолжи активно да вложува во научно-истражувачка работа и развој на иновативни решенија кои придонесуваат кон унапредување на здравството и квалитетот на живот.

Денес на УКИМ-Фармацевтски факултет се одржа промоција на новата генерација дипломирани студенти кои на нашиот факултет дипломираа во 2025 година. Уште еднаш на сите наши колешки и колеги на кои денес им беа врачени дипломите им посакуваме многу успех во професионалниот живот а на сите наши колешки и колеги здравствени работници им го честитаме Светскиот ден на здравјето.

ИнфоЛек

Реализација на уште еден започнат проект на УКИМ-Фармацевтски факултет. Денес на Фармацевтски факултет ја промовиравме Електронска база за информации за лекови-ИНФОЛЕК. На реализација на овој проект тимот на Националниот Фармакоинформативен Центар работеше во изминатите 3 години. Оваа дигитална платформа претставува интерактивна, интуитивна, корисник-прифатлива платформа која има достапни ажурирани информации за механизам на дејство на лековите, индикации, контраиндикации, лек-лек и лек-храна интеракции, дозирање, употреба во бременост и доење, несакани ефекти и правилна употреба на лекови. Во овој момент во базата се опфатени 985 генерики/3474 лекови.

Посета од Амбасадорот на Република Австрија

На наше огромно задоволство денес во посета на УКИМ – Фармацевтски факултет беше Амбасадорот на Австрија неговата екселенција г-дин Мартин Памер.

На средбата Амбасадорот беше информиран за тековните активности кои се реализираат на нашиот факултет, за идните планови и особено за одличната соработка која УКИМ – Фармацевтски факултет ја има со научни институции од Австрија.

________________________________

It was our great pleasure to welcome today to the Faculty of Pharmacy at Ss. Cyril and Methodius University in Skopje the Ambassador of the Republic of Austria, His Excellency Mr. Martin Pammer.

During the meeting, the Ambassador was thoroughly informed about the ongoing activities at the Faculty, as well as its strategic directions and future development plans. Particular emphasis was placed on the excellent and continuous cooperation that the Faculty maintains with renowned scientific and academic institutions from the Republic of Austria.

The meeting represents an important step towards further strengthening academic and scientific collaboration, as well as enhancing the international visibility of the Faculty.

Зегин, преку Фондација д-р „Верица Механџиска“, и оваа година доделува 14 стипендии за студенти.

Ве покануваме да дознаете повеќе за условите и начинот на аплицирање, да поставите прашања и да слушнете искуства од минатогодишните стипендисти, денес наши колеги.

📅 27.10.2026, во 13:30 часот
📍 Фармацевтски факултет при УКИМ, предавална 2

Ве очекуваме!

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува КОНКУРС за студентски мобилности во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
за летниот семестар во академската 2026/2027 година

Повеќе информации на следниот линк.

Оглас за демонстратори за учебната 2026-2027 година

Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за демонстратори за учебната 2026-2027 година:

  • 2 (два) демонстратори на Институт за фармацевтска технологија
  • 2 (два) демонстратор на Институт за применета хемија и фармацевтски анализи
  • 2 (два) демонстратор на Институт за фармацевтска хемија
  • 2 (два) демонстратор на Институт за применета биохемија

Повеќе информации на следниот линк.

Конкурс за студентски мобилности за комбинирани интензивни програми (BLENDED INTENSIVE PROGRAMMES - BIP) во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ програмата – за академската 2025/2026 година

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува КОНКУРС за студентски мобилности за комбинирани интензивни програми (BLENDED INTENSIVE PROGRAMMES – BIP) во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ за академската 2025/2026 година

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за учество на студенти во комбинирани интензивни програми (Blended Intensive Programmes – BIP) на високообразовните институции.

Повеќе информации на следниот линк.

Заедничка годишна конференција на докторски студии, летен семестар 2025-2026 година

Кариерен пат на еден фармацевт

Драги студенти,

Со големо задоволство најавуваме работилница ,,Кариерен пат на еден фармацевт”. 👩‍🎓👩‍🔬

Ве покануваме да ни се придружите на “Кариера без граници: од студент во Италија до создавање вредност дома”! 📈👩‍⚕️💊

Катерина Аџиска Јованоска е дипломиран фармацевт на Универзитетот во Ферара, Италија,
денес генерален директор на Фитофарм, Скопје.

▪︎ Датум: 15.05.2026
▪︎ Место: предавална 2 на ФФ
▪︎ Време: 11:00 часот

Ве очекуваме на ново кариерно патување, 🛣️🇮🇹🇲🇰
кариерни искуства и совети 😉

 

Повик за практиканство во Реплек

Почитувани, 

Би сакале да Ве известиме дека и оваа година Реплек го објави Повик за практиканство. Истиот може да го видите на следиот линк.

Семинар „РЕДЕФИНИРАЊЕ НА ГРИЖАТА ЗА ДЕБЕЛИНА НИЗ ПРИЗМАТА НА ФАРМАЦЕВТОТ“

„РЕДЕФИНИРАЊЕ НА ГРИЖАТА ЗА ДЕБЕЛИНА НИЗ ПРИЗМАТА НА ФАРМАЦЕВТОТ“

👩‍⚕️ Фармацевтот како клучен партнер во менаџментот на дебелина
Од совет до резултат – нова перспектива во фармацевтската грижа

Семинарот отвора важно прашање за улогата на фармацевтот во современиот пристап во третманот на дебелината:

👉 Како фармацевтите можат активно да придонесат во превенцијата, советувањето и поддршката на пациентите со дебелина?

 Настанот нуди актуелен преглед на теми поврзани со:

💊  Современи терапевтски протоколи
🧪 Биохемиски аспекти на дебелината
🧬 Нутригенетика и персонализирана исхрана
🌿  Рационална и безбедна фитотерапија
🍭  Ултрапреработена храна и шеќери во развојот на дебелината
⚖️  Нови услуги во фармацевтската грижа: мониторинг, следење и менаџмент на пациенти

Надополнети со практични примери и реални искуства од секојдневната пракса.

Овој семинар е повик до фармацевтите како најдостапни здравствени професионалци да ја зајакнат својата улога во справувањето со дебелината и унапредување на јавното здравје.

📅 23.04.2026

🕛 Почеток: 12:30 часот

💻 Хибриден формат

🚩Акредитиран од Фармацевтска комора на РСМ со 4 поени

💰 Цена на учество: 3000 МКД

📝 Пријавување до 22.04.2026 на следниот линк

Огласи

Конкурс за студентска мобилност во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата – за зимскиот семестар во академската 2026/2027 година

Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува КОНКУРС за студентски мобилности во рамки на програмата ЕРАЗМУС+

Индивидуална мобилност за студенти за зимски семестар во академската 2026/2027 година

Повеќе информации на следниот линк.

Програма за млади таленти

Подготвени за летно искуство што може да ви ја промени кариерата?
Дознај како изгледа работата во компанија која креира производи што стигнуваат до милиони луѓе.
Откриј што значи вистинско менторство и работа на реални проекти
📅 25.02.2026 (среда)
🕒 13:30 часот
📍 Предавална 2 – Фармацевтски факултет, УКИМ во Скопје
Ако си љубопитен, амбициозен и подготвен за следниот чекор — местото ти е тука.

Соопштенија за студенти

Последни соопштенија

Досега запишани студенти

Магистер по фармација

0

Лабораториско биоинженерство

0

Диететика и диетотерапија

0