Menu Close

Центар за фармацевтска нанотехнологија (ЦФН)

Раководител

Проф. д-р Маја Симоноска Црцаревска

Специјалист по фармацевтска технологија

Специјалист по аптекарска практика

Тел: ++ 38923126032, лок: 118

Факс: ++ 38923123054

е-mail: msimonoska@ff.ukim.edu.mk

Адреса:

ул. Мајка Тереза бр. 47,

Поштенски фах 36
1000 Скопје, Р. Македонија

Човечки ресурси:

  • Проф. д-р. Маја Симоноска Црцаревска
  • Проф. д-р. Катерина Горачинова
  • Проф. д-р. Марија Главаш Додов
  • Проф. д-р. Кристина Младеновска
  • Проф. д-р. Рената Славеска Раички
  • Проф. д-р. Никола Гешковски

За Центарот

Центарот за фармацевтска нанотехнологија (ЦФН) е основан во 2008 година како Центар за микро/нанотехнологија и дизајнирање на микро/наносистеми за насочено делување, а во 2009 год. е преименуван во Центар за фармацевтска нанотехнологија. ЦФН од неговото основање до денес опстојува како посебна единица во рамки на Факултетот. За прв раководител на центарот е избрана проф. д-р. Катерина Горачинова (12.12.2008-01.12.2009). Проф. д-р Марија Главаш Додов е раководител на Центарот од 01.12.2009 до 01.04.2014, а Проф. д-р. Маја Симоноска Црцаревска е раководител на ЦФН од 01.04.2014 до денес.

Капацитети:

Центарот за фармацевтска нанотехнологија располага со следната опрема:

  • Апарат за спреј-сушење (Buchi Mini Spray dryer B-290, Switzerland)
  • Апарат за определување на зета потенцијал и мерење на големина на наночестички/наноматеријали (Zetasizer Nano Series, Nano-ZS, Malvern Instruments Ltd., UK)
  • Ласерски бројач за одредување на големина на честички (Mastersizer 2000, Malvern Instr., Ltd, UK) со ќелии:
  • – Scirocco 2000, Malvern Instr., Ltd, UK, (за мерење на суви прашоци)
  • – Hydro 2000S, Malvern Instr., Ltd, UK, (за мерење на дисперзии)
  • Водена термостат бања со мешање (Unitronic OR, Selecta, Barcelona, Spain)
  • Магнетна мешалка (Variomag, Multipoint HP 15, Germany)
  • Магнетна мешалка со греење (Jenway, UK)
  • Ултрасонична бања (Ultrawave Limited, Cardif, UK)
  • HPLC system (Agilent 1200 Series, DAD detector, Germany)
  • Лиофилизатор (Labconco, FreeZone5L Feeze Dry System, USA)
  • Хомогенизатор (IKA T25 basic, Germany)
  • Автоклав (Melag Avtoklav 23, Germany)
  • UV/VIS Спектрофотометри
  • ERWEKA дисолуциска линија
  • ERWEKA апарат за дезинтеграција
  • Асептични комори
  • Термостат-комори за следење на стабилност (Kottermann, Germany)

Дејност

Основната дејност на Центарот за фармацевтска нанотехнологија (ЦФН) е вршење услуги и анализи во полето на фармацевтската технологија, микро/нанотехнологијата, биофармацијата и козметологијата; давање стручни мислења и консултативни услуги, како и изработка на експертски извештаи, методолошки постапки и лабораториски анализи.

Во рамките на ЦФН се обавуваат следните дејности:

  • Научно-истражувачка дејност: фундаментални и применети истражувања во областа на фармацевтска технологија, биофармација, козметологија и микро/нанотехнологија: дизајн, развој, карактеризација и евалуација на конвенционални фармацевтски дозирани форми (ФДФ), ФДФ со модифицирано ослободување, микро/наносистеми за насочување и контролирано ослободување на активни супстанции, козметички суровини и производи, нутрицевтици, стабилност на системите во фазата на развој и формулација…
  • Едукативна дејност: обука на кадри и студенти на принципот едукација базирана на наука и научни истражувања, дисеминација на знаења, искуства и вештини, публикација и популаризација на истражувањата
  • Апликативна дејност: Развој и изведување на анализи, експертизи, давање на професионални лабораториски и консултантнски услуги насочени кон различни аспекти на дозираните форми во доменот на техничките можности и професионалната компетентност.

Во ракмите на ЦФН, воспоставени се и се работат следниве анализи и услуги:

  • Дизајн, развој и формулација на конвенционални ФДФ, како и ФДФ со модифицирано ослободување, микро/наносистеми, козметички производи, нутрицевтици
  • Подготвка и оптимизација на горенаведените системи
  • Физичко-хемиско карактеризирање на системите
  • Фармацевтско-технолошко карактеризирање на системите и стабилност
  • Биофармацевтско карактеризирање – биодистрибуција, ефикасност, биокомпатибилност и нештетност, in vitro/in vivo корелација
  • Стручни мислења во делот на предформулација, формулација и производство на ФДФ
  • Експертски мислења во делот на предформулација, формулација и производтсво на ФДФ

Сите наведени испитувања и услуги се извршуваат во согласност со национални и меѓународни стандарди за квалитет.

ЦЕНОВНИК