Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

ERASMUS

Во рамките на програмата „Еразмус”, Универзитетот распишува конкурс за доделување финансиски средства на студенти за реализирање на студиски престој на високообразовна институција во Европа. На конкурсот можат да се пријават студенти со македонско државјанство кои во моментот на реализирање на мобилноста се запишани најмалку на втора година студии. Времетраењето на мобилноста за студентите е еден или два семестри. Деталните информации и потребните документи за мобилност на студентите можат да се најдат на веб страницата на Универзитетот (www.ukim.edu.mk) и преку Еразмус координаторот на Факултетот.

Еразмус документи за студентска мобилност 2013/2014

Еразмус координатор:
Доц. д-р Зоран Стерјев
Тел: 00389 2 3126 032
Факс: 00389 2 3123 054
e-mail:zost@ff.ukim.edu.mk