Menu Close

За електронско полагање на испити на Фармацевтски факутлет се користи онлине платформата Exam.net

На истата може да се пристапи преку линкот https://exam.net/

За пристапување до испит студентот добива шестцифрен код кој се внесува во горниот десен агол (Student Exam Key) и се избира NEXT.

На следниот екран се внесуваат податоците на студентот:

По внесување на податоците се избира FETCH THE EXAМ, по што се пристапува до тестот:

Централно на екранот е прикажан тестот, додека од левата страна се прикажани сите алатки достапни за користење при решавањето на иститот.

Тестот може да содржи различен вид на прашања, и тоа:

Од левата страна, под подменито EXAM се излистани сите документи кои се прикачени за користење (на пр. табели, литературни податоци, периоден систем на елементи итн.).

Во продожение се наоѓаат алатки како калкулатор и алатка за цртање (Drawing tool), со која се овозможува нацртаната структура/скица да се прикачи како одговор под соодветното прашање.

Со кодот 8G4MXE можете да се најавите и да влезете на пробен тест, каде што ќе можете да ги испробате сите прикажани опции.

За времетраење на испитот студентот нема да може/смее да го напушти прозорецот отворен на неговиот компјутер на кој го решава тестот. Во случај да излезе од прозорецот на испитот тестот ќе биде блокиран и студентот треба веднаш да испрати порака со образложение.

За полагање потребно е на вашите компјутери ЗАДОЛЖИТЕЛНО да симнете и инсталирате SEB (safe exam browser). Истиот можете да го најдете на следниот линк:

https://faq-en.exam.net/article/52869/install-high-security-software

За да проверите дали успешно ви е инсталиран SEB одете на следниот линк:

Test your installation here

односно на линкот што е поставен во продолжение под точка 3. Click here to test your SEB-installation.

Доколку SEB е правилно инсталиран ќе ви се прикаже следниов екран:

Упатство за полагање на испитот преку EXAM.NET можете да го погледнете на следниов линк:

https://exam.net/training