Menu Close

Соопштение за втора испитна сесија во учебната 2018-2019 година

Се известуваат студентите дека доставувањето пријави за полагање на испитите за Јунска испитна сесија ќе севрши во периопдот од 14.05.2019 до 21.05.2019 година.

Студентите се должни во овој период да достават, пуштат пополнети пријави во сандучињата во холот на факултетот. Студентите запишани на студиската програма за Диететика и диетотерапија пријавите за испити ги доставуваат на шалтерот на факултетот.

Важно:

Во гореназначениот период се доставуваат пријави само во материјална форма. Студентите се должни накнадно, кога ке биде рокот за електронско пријавување, електронски во IKnow системот да ги пријават испитите за кои доставиле пријави на шалтерот или пуштиле пријава во соодветно обележаните сандачиња во холот на факултетот.

СТУДЕНТИТЕ СЕ ДОЛЖНИ да ги захефтаат уплатите за административна такса поединечно за секоја пријава ДОКОЛКУ УПЛАТИЛЕ СО УПЛАТНИЦА или да запишат код на секоја пријава за платена административна такса.

Пријавите потребно е да бидат читко пополнети со сите податоци, Број на индекс, студиска програма, испитен рок, име и презиме, назив на предметот, семестар кога се слуша предметот (ВО КОЈ СЕМЕСТАР СЕ СЛУША ПРЕДМЕТОТ СПОРЕД СТУДИСКАТА ПРОГРАМА А НЕ ВО КОЈ СЕМЕСТАР ГО СЛУШАТЕ) како и да назначите дали предметот е изборен или задолжителен. Доколку уплатите за административна такса не се захефтани за пријавите, тие пријави нема да се земаат во предвид. Доколку немате хефталка во моментот на доставување на пријавите може да побарате во службата за студентски прашања.

Студентите што нема да пуштат пријави во овој рок не ќе може да полагаат испит.

 Студентска служба