Menu Close

Мобилности во CEEPUS мрежата за учебна 2019/2020 година

Се известуваат студентите дека за зимскиот семестар во учебната 19/20 се достапни едномесечни мобилности во Институтите за Фармацевтска технологија на Фармацевтските факултети во Гдањск и Братислава. Повикот првенствено се однесува за студентите кои во учебната 2019/20 ќе го запишат 9тиот семестар и ќе имаат можност дел од својата дипломска работа да ја работат на горенаведените Институти. Крајниот рок за аплицирање е 16.05.19. Заинтересираните студенти да се обратат до доц. Гешковски, најдоцна до 14.05.