Menu Close

Пакет информации за упис на нови студенти на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Фармацевтски факултет во Скопје за академската 2023/2024 година

ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА

По Конкурсот за запишување студенти за во ПРВА година на студиските програми на ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје, во учебната 2023/2024 ќе се запишат следниот број на студенти:

  • На студиска програма Магистер по фармација (10 семестри – петгодишни интегрирани студии од прв и втор циклус) ке се запишат:
    • 60 студенти во редовна државна квота со партиципација од 200 ЕУР и
    • 60 студенти во редовна квота со кофинансирање на студиите од 400 ЕУР годишно.
      • Детални информации за студиската програма може да најдете на следниот линк
  • На студиска програма Лабораториско биоинжинерство (6 семестри – тригодишни студии од прв циклус) ке се запишаат:
    • 30 студенти во редовна државна квота со партиципација од 200 ЕУР и
    • 30 студенти во редовна квота со кофинансирање на студиите од 400 ЕУР годишно.
      • Детални информации за студиската програма може да најдете на следниот линк
  • На студиска програма Диететика и диетотерапија (6 семестри – тригодишни студии од прв циклус) ке се запишаат:
    • 25 студенти во редовна државна квота со партиципација од 200 ЕУР и
    • 25 студенти во редовна квота со кофинансирање на студиите од 400 ЕУР годишно.
      • Детални информации за студиската програма може да најдете на следниот линк

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

Прв уписен рокВтор уписен рокТрет уписен рок
Пријавување на кандидатите30 и 31.8.202318 и 19.9.202328.9.2023
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа)4.9.202321.9.2023
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа)11.9.202325.9.2023
Запишување на кандидатите12 и 13.9.202326.9.202329.9.2023

ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ВО УЧЕБНАТА 2023-2024 ГОДИНА

За пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, задолжително е секој кандидат:

  1. Да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. При регистрација во системот за електронското пријавување кандидатот добива единствен идентификациски број. Истиот се внесува и во Пријавата за запишување од Универзитетот.
  2. На датумот од уписниот рок за Пријавување на кандидатите (види датуми за пријавување на кандидат /I, II I II уписен рок) да ги достави сите оригинални документи потребни за пријавување во прва година во учебната 2023-2024 година, во просториите на Фармацевтски факултет (погледни мапа) во период од 8.30 – 14 часот.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

*ДОКУМЕНТИТЕ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО ФАКУЛТЕТОТ, ИСТИТЕ НЕ СЕ ПРИКАЧУВААТ НА СИСТЕМОТ ЗА УПИС

  1. Пријава за запишување, образец А1 (од книжара) со упата од 50 денари за административна такса на образец ПП 50:
    • Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје;
    • Банка на примачот: НБРСМ;
    • Тансакциска сметка 100-0000000-630-95;
    • Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; (ХХХ е шифра на општина на кандидатот)
    • Конто 722313 00)
      • Административната такса може да се уплати и преку СМС порака.
  2. Електронска пријава (испечатена од електронското пријавување на www.upisi.ukim.mk)
  3. Оригинални свидетелства од сите години
  4. Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  5. Извод од матична книга на родените (оригинал без оглед на датумот на издавање)
  6. Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  7. Припадниците на безбедносните сили, членовите на нивните семејства и други категории на лица утврдени со Законот за посебните права на денот на упис доставуваат документ од соодветниот орган (Дополнително доставување на документи не се признава)
  8. Потврда за уплатени 300,00 денари на образец ПП50 на следната жиро сметка:
Назив на примач:Фармацевтски факултет
Банка на примач:НБРМ
Цел на дознака:пријавување за упис на УКИМ – Фармацевтски факултет Скопје
Трансакциска сметка:100000000063095
Сметка на буџетски корисник:1600104553 788 12
Приходна шифра и програма:723013 41 начин 2

ЗАБЕЛЕШКА: Бидејки пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби.


ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ

Прв уписен рок

Документи на примените кандидати во првиот уписен рок да се достават во просториите на Фармацевтски факултет согласно распоредот даден во прилог:

На 12.09.2023 (вторник):

Од 09:00 до 10:00 часотМагстер по фармација со реден број 1-20 државна квота
Од 10:00 до 11:00 часотМагстер по фармација со реден број 21-40 државна квота
Од 11:00 до 12:00 часотМагстер по фармација со реден број 41-60 државна квота
Од 12:00 до 13:00 часот Магстер по фармација со реден број 1-30 приватна квота
Од 13:00 до 14:00 часотМагстер по фармација со реден број 31-60 приватна квота

На 13.09.2023 (среда):

Од 09:00 до 11:00 часотЛабораториско биоинженерство – кандидати од сите квоти
Од 11:00 до 13:00 частоДиететика и диетотерапија – кандидати од сите квоти

Втор уписен рок

Документи на примените кандидати во вториот уписен рок да се достават во просториите на Фармацевтски факултет на 26.09.2023 година од 09:00 до 14:00 часот.


ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

  1. Индекс и студентска легитимација (од книжара);
  2. Три фотографии (две со димензии 3,5 х 4,5 за индекс и досие и една 2х3 за студентската легитимација);
  3. Образец за запишување семестар (целосно пополнет со предмети од прва година на следниот линк) (од книжара);
  4. Статистички образец ШВ-20 целосно пополнет (од книжара);
  5. Потврда за уплатени:
    • 100 ЕУР во денарска противвредност (6.150 денари) со задолжително внесување цел на дознака: прва рата државна квота за студентите запишани во државна квота
    • 200 ЕУР во денарска противвредност (12.300 денари) со задолжително внесување цел на дознака: прва рата кофинансирање на студии за студентите запишани во квота со кофинансирање на студиите
    • Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
      • Назив на примачот: УКИМ – Фармацевтски факултет, Скопје
      • Банка на примачот: НБРМ
      • Сметка: 100 0000000630 95
      • Износ: 6.150 ден. за студенти во државна квота или 12.300 ден. за студенти со кофинансирање
      • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
      • Приходна шифра и програма: 723 012 41 начин: 2
  6. Потврда за уплатени 1600 денари со цел на дознака: солидарна одговорност, книжен фонд, електронски услуги и осигурување, на образец ПП50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
    • Назив на примачот: УКИМ – Фармацевтски факултет, Скопје
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка: 100 0000000630 95
    • Износ: 1600 денари
    • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
    • Приходна шифра и програма: 723 013 41 начин: 2
  7. Потврда за уплатени 750 денари за Информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на УКИМ, со цел на дознака: ИКСА на УКИМ за Фармацевтски факултет образец ПП 50 на жиро сметка на Ректоратот на УКИМ со следните податоци:
    • Назив на примачот: Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје (УКИМ)
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка: 100 0000000630 95
    • Износ: 750 денари
    • Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
    • Приходна шифра и програма: 723 012 41 начин 2

НАПОМЕНА:
  • Првите 10 кандидати на конечната ранг – листи на примени кандидати со најмногу поени од сите три програми, се ослободени од плакање партиципација за првата учебна година:
    • Факултетот ке објави листа на првите 10 кандидати кои се ослободени од плаќање партиципација.
  • Кандидатите примени во квота со кофинансирање потпишуваат изјава за кофинансирање на студии (се подига од студентски прашања при поднесување на документи за запишување на примените кандидати)
  • Примените кандидати потпишуваат договор за студирање според квотата во која се примени на Фармацевтскиот факултет