Menu Close

Статут на Фармацевтски факултет во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Правила за студирање се регулирани согласно Законот за високото образование, Статутот на УКИМ и Правилникот за условите, критериумите и правилата за студирање.

Студиската програма за магистри по фармација се однесува на регулирана професија (фармацевти) и е подготвена согласно член 106 од ЗВО и директивата 2005/36/ЕС. Должината или времетраењето на студиите за магистри по фармација е пет години или 10 семестри, девет семестри универзитетска настава и еден семестар професионална практика. Студентот се стекнува со вкупно 300 ЕКТС, девет семестри универзитетска настава (270 ЕКТС) и еден семестар професионална практика (30 ЕКТС). Право за запишување имаат лица со завршено соодветно предходно образование и положена државна матура. Предмети од државната матура кои се вреднуваат се Екстерни предмети: 1. математика (основно или напредно ниво), 2. странски јазик и 3. физика, хемија или биологија. Интерни предмети за гимназија: предмет по избор на кандидатот, и интерни предмети за средни стручни училишта: предмет по избор на кандидатот.

МЕТОДИ НА УЧЕЊЕ

  • Во студиската програма се предвидени различни методи и форми на учење за стекнување на знаења и вештини:
  • теоретска настава (предавања),
  •  консултации,
  •  практична настава – лабораториски бежби или друг вид вежби,
  •  самостојни задачи (проектни задачи, семинарски трудови, домашни задачи, ПБЛ- проектни активности, теренски активности, подготовка на хербариум и друго),
  • домашно учење (подготовка за испит).

Студентите се обврзани да ја следат теоретската и практичната настава, да земат активно учество во истата, да ги посетуваат семинарите и работилниците и да ги совладуваат другите форми на учење.

Студентот во текот на предметната програма стекнува определени бодови за својата активност и покажаното знаење. Секоја предметна програма е изразена со 100 бодови.

  • Минималниот број бодови неопходен за стекнување потпис е 30 бода. Потписот се внесува во индексот и електронскиот индекс и со потписот студентот се стекнува со право да полага испит.
  • Студентот го заверува семестарот со потписи во индексот и во електронскиот индекс, со што се потврдува неговото исполнување на предвидените обврски на предметните програми кои ги запишал.

ПРОВЕРКА НА СТЕКНАТОТО ЗНАЕЊЕ, ИСПИТИ И ОЦЕНУВАЊЕ

Согласно Законот (ЗВО) и Статутот на УКИМ, за секоја предметна програма се врши евалуација на стекнатото знаење и вештини преку формите на континуирана проверка и преку завршното оценување.

Континуираната проверка на знаењето и вештините подразбира:

  • активно учество во теоретската настава (интердисциплинарен пристап во наставата),
  • активно учество во практичната настава,
  • успешно завршување на завршната вежба/практичен дел од испитот во предметни програми во кои е вклучена практична настава,
  • успешно решавање на самостојни задачи (домашните задачи, зададени проблеми (ПБЛ- учење, семинарски трудови и нивна презентација, проектни задачи, теренски активости, вклучување во научно-истражувачките активности и слично),
  • успешно положени колоквиуми/завршен писмен испит (во предметни програми во кои се предвидени колоквиуми),

Завршна проверка на знаењето и вештините подразбира:

  • завршното оценување се прави преку полагање на завршен писмен и усмен дел од испитот, за предметни програми во кои не се вклучени практичната настава и не се предвидени колквиуми.
  • за предметни програми во кои се вклучени колоквиуми, по успешно завршување на истите, завршниот испит се состои само од усмен дел. Ако студентот не ги положи еден или двата колоквиуми, задолжително полага и писмен дел и усмен дел од испитот.
  • за предметни програми во кои е вклучена практичната настава, студентот треба да положи завршна вежба во текот на семестарот. Ако не ја положи завршната вежба, во испитна сесија полага практичен дел од испитот, покрај писмен и усмен дел од испитот.
  • за предметни програми во кои се предвидени и практична настава и колоквиуми, студент кој во текот на семестарот не ги положи колквиумите и не ја положи завршната вежба, во завршното оценување полага практичен дел, писмен дел и усмен дел од испитот.
  • делови од испитот кој студентот ќе ги положи не се полагаат повторно, се додека не дојде во ситуација да го го презапише предметот.
  • студентот има право три пати да го полага завршниот испит кој може да се состои од практичен дел, писмен дел и усмен дел, или само писмен и усмен дел или само усмен дел.

ПРЕЗАПИШУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТНИ ПРОГРАМИ

Студентот кој не освоил минимум бодови предвидени со предметната програма и не се стекнал со потпис, задолжително го презапишува соодветниот предмет. Студентот кој во три сесии едноподруго не го положил завршниот испит, задолжително го презапишува предметот.

БОДОВНА СКАЛА ЗА ПОТПИС И ОЦЕНУВАЊЕ НА СТЕКНАТОТО ЗНАЕЊЕ И ВЕШТИНИ

езултат на континуираната проверка на знаење и вештини и 60 бода како резултат на завршна проверка и оценување (40 : 60 бода).

Бодовната скала генерално ги вклучува следните елементи:

  • теоретска настава – 10 бода
  • практична настава – 20 бода
  • самостојни задачи (горе наведени) – 0 – 10 бода

Студентот треба да освои од 30 – 40 бода за да стекне потпис. Бодовната скала за оценување генерално ги вклучува следните елементи:

  • колквиуми/писмен дел од завршниот испит – 20-40 бода
  • завршна вежба/практичен дел од испитот – 5-10 бода
  • усмен дел од испитот – 5 – 10 бода

Студентот по двата основи кумулативно може да освои од 60-100 бода.

Скала на оценување:

  • до 60 бода – оценка 5 (пет) F
  • од 60-66 бода – оценка 6 (шест) E
  • од 67-75 бода – оценка 7 (седум) D
  • од 76-84 бода – оценка 8 (осум) C
  • од 85-93 бода – оценка 9 (девет) B
  • од 94-100 бода – оценка 10 (десет) A

За предметни програми што не вклучуваат практична настава или за кои не се предвидени горе наведените форми на самостојни задачи, бодовната скала за стекнување попис и за оценување соодветно се прилагодува. Податоци за начинот на оценување за секоја предметна програма се дадени во Прилог 3.

ИСПИТНИ СЕСИИ

Испитни сесии:

  • јануарска, јунска и септемвриска за предметите што се слушаат во зимските (непарните) семестри и
  • јунска, септемвриска и јануарска, за предметите што се слушаат во летните (парните) семестри.

Студентот кој нема да го положи завршниот испит во трите наведени сесии, мора да го презапише предметот.