Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

ERASMUS +

ПРОГРАМА ЕРАЗМУС+

КЛУЧНА АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ објавува

КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

за академската 2014/2015 година

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за реализирање на студиски престој на високообразовна институција во ЕУ.

На конкурсот можат да се пријават само кандидати со македонско државјанство кои во моментот на реализирање на мобилноста се запишани најмалку на втора година студии.

Времетраење на мобилноста за студенти: еден или два семестри.

Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (минимум пет работни денови).

Потребни документи за мобилност на студенти:

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и универзитети од земјите членки на Европската унија, (Види листа на потпишани Еразмус+ договори)

Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”: www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање која треба да се следи, одобрена од страна на студентот, матичната институција/Еразмус координаторот и институцијата во странство;
  • уверение за положени испити (преведено на англиски јазик);
  • најмалку една препорака (преведена на англиски јазик);
  • уверение/диплома за познавање на јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот;
  • уверение за редовен студент;
  • кратка биографија (Europass), http://europass.cedefop.europa.eu/en/documents/curriculum-vitae/templates-instructions

Потребни документи за мобилност на наставен кадар:

  • пополнет формулар за пријавување (Staff Application Form)
  • наставна програма/работен план (Staff mobility – teaching assignment);
  • потврда од факултетот за статус на вработен во рамки на институцијата.

Висината на стипендијата за студенти е различна, согласно земјата во која се престојува (висината на стипендијата може да се види на интернет страната на Универзитетот). Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично кандидатите.

Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.

Студентите лично ја поднесуваат апликацијата до Еразмус координаторот на факултетот каде студираат (Види листа на Еразмус координатори по факултети).

Краен рок за поднесување на апликациите е _________________.

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

ВОДИЧ ЗА ПРОГРАМАТА ERASMUS+

РЕГУЛАТИВА ЗА ПРОГРАМАТА ERASMUS+

Упатство за регистрација за во системот за регистрација и порталот за корисници на потенцијалните апликанти за програмата ЕРАЗМУС+