Menu Close

Национален Фармакоинформативен Центар

(НФИЦ)

Раководител

Проф. д-р Зорица Наумовска

Специјалист по фармакоинформатика

Адреса:

Фармацевтски Факултет, УКИМ

ул. Мајка Тереза бр. 47,

Поштенски фах 36
1000 Скопје, Р. Македонија

Тел: (++ 389) 2 311 9694, лок: 103

Факс: (++ 389) 2 312 3054

е-mail: zose@ff.ukim.edu.mk

Човечки ресурси:

  • Проф. д-р Љубица Шутуркова
  • Проф. д-р Зоран Стерјев
  • Проф. д-р. Александар Димовски
  • Проф. д-р Александра Грозданова
  • Проф. д-р Катерина Анчевска Нетковска
  • Проф. д-р Александара Капедановска Несторовска
  • М-р Мерјем Хаџихамза
  • М-р Билјана Лазарова
  • М-р. Лиле Здравева

За Центарот

Национален Фармакоинформативен центар (НФИЦ) е основан во 1997 година на Фармацевтскиот факултет-Скопје во заедничка соработка со Министерството за здравство на Р.Македонија и Проекната единица на Светската банка за реформи во здраството како високо професионален и стручен информативен сервис на здравствените работници од примарната, секундарната и терциерната здравствена заштита.

Дејност

Основните активности на НФИЦ се услужна, едукативна и научно – истражувачка дејност.

Услужната дејност: се состои во одговарање на барања за различни информации за лековите и медицинските сретства поставени од страна на здравствени работници, пациенти и носители на одобренија во Р. Македонија. Центарот располага со различни видови на литература: примарна (биомедицински научни списанија), секундарна (индексирачки и апстрактивни системи) и терциерна (книги, стандардни терапевтски водичи, формулари) и останати извори на информации (on line достапни извори на информации). Националниот фармакоинформативен центар е јавна институција достапна за сите граѓани на Република Македонија кои преку различните начини на контакт (дирекно, телефон, факс, електронскапошта) можат да побараат и добијат одговор на своите прашања кои се поврзани со лековите.

На барање на фармацевстките компании, Националниот фармакоинформативен центар учествува во изготвување и стручна евалуација на Збирните извештаи за особините на лековите и Внатршните упатства за лековите и медицинските средства за кои  истите се носители на одобрение.

  • Едукативна дејност: Во рамките на едукативната дејност Фармакоинформативниот центар организира различни видови на едукативни настани. Самонасочено учење претставува облик на континуирана едукација кој се реализира преку следење на новостите кои се објавуваат на веб локацијата на НФИЦ за кои се информираат над 1500 здравствени професионалци од Р.Македонија.  Исто така, Националниот Фармакоинформативен Центар во соработка со други институции организатор е на голем број на едукациии, конверенции и стручни работилници.
  • Научно-истражувачка дејност: Стручниот тим на Национаниот Фармакоинформативен Центар активно е вклучен и во научно-истражувачката дејност која особено е насочена кон евалуација на квалитетот на информации за лекови кои им се достапни на пациентите, рационалната употреба на лекови, евалуација на потрошувачката на лекови итн.

Ценовник на услуги