Menu Close

Соопштение за префрлување на студенти на студиските програми на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје

С О О П Ш Т Е Н И Е

За префрлување на студенти на студиските програми на Фармацевтскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

од факултетот, од друга единица (факултет) на УКИМ или од друг универзитет

Поднесување на барање за префрлањето на студиските програми на Фармацевтски факултет за:

  • Кандидати од другите Универзитети
  • Кандидати – студенти на матичниот факултет, кои сакаат да се префрлат од еден на друг смер и
  • Кандидати кои не ги завршиле започнатите студии во рокот предвиден за завршување на студиите

ќе се врши во период од 15.09.2023 до 25.09.2023 година.

Потребни документи за поднесување на барање за префрлање:

  1. Молба (барање)
  2. Индекс (оригинал за увид и копија)
  3. Уверение со оцени (оригинал за увид и копија)
  4. Потврда дека се редовни студенти
  5. Наставна програма од факултетот од кој се префрлуваат (заверена со печат и потпис)
  6. За кандидатите кои се префрлаат на иста студиска програма, уплатница од 2.000,00 денари на жиро сметка на Фармацевтски факултет:
    • Назив на примачот: УКИМ – Фармацевтски факултет, Скопје
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка: 100 0000000630 95
    • Износ: 2.000,00 ден.
    • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
    • Приходна шифра и програма: 723 013 41 начин: 2
    • Цел на дознака:
      • Префрлување од друг факултет/универзитет (за кандидати кои се префрлаат од друг Универзитет на иста студиска програма) или
      • Префрлување од стара на нова студиска програма (кандидати кои се префрлуваат од стара на нова студиска програма или кандидати кои не ги завршиле студиите во предвидениот рок)
  7. Kандидатите кои се префрлаат од студиската програма Магистер по фармацијана на студиската програма Лабораториско биоинженерство / Диететика и диетотерапија, уплатница од 3.000,00 денари на жиро сметка на Фармацевтски факултет:
    • Назив на примачот: УКИМ – Фармацевтски факултет, Скопје
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка: 100 0000000630 95
    • Износ: 3.000,00 ден.
    • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
    • Приходна шифра и програма: 723 013 41 начин: 2
    • Цел на дознака: Промена на студиска програма од Магистер по фармација во Лабораториско биоинженерство / Диететика и диетотерапија

Од Студентската служба


С О О П Ш Т Е Н И Е

За студентите кои добиле согласност за префрлување на студиските програми на Фармацевтски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

од факултетот, друга единица (факултет) на УКИМ и друг универзитет

По објавување на резултатите од еквиваленција на предметните/студиските програми, префрлените кандидати треба да ги достават следните документи за запишување:

  1. Индекс и студентска легитимација;
  2. Три фотографии (две со димензии 3,5 х 4,5 за индекс и досие и една 2х3 за студентската легитимација);
  3. Пополнет образец за запишување на семестар со уплата за школарина;
  4. Пополнет образец за државен завот за статистика за 2023/24 година;
  5. Улата за призанвање на предмети (20 евра по предмет)

Потребните документи студентите да ги достават во студентската служба во рокот додека трае уписот на зимски семестар 2023-2024 година.

*За дополнителни уплати и документи ќе Ви биде објаснето во службата.

Од Студентска служба