Menu Close

Отворен ден на Фармацевтски факултет УКИМ

Сакаш да инвестираш во својата иднина?

Сакаш факултет кој ти нуди квалитетно знаење, простор за личен развој и многу кариерни можности по завршувањето на студиите?

Запиши се и студирај на Фармацевтски факултет, УКИМ во Скопје!

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 19 август 2022 во период од 10-12 часот и 12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите

 Дојдете на Фармацевтски факултет Скопје и запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности

Прошетајте низ факултетот, запознајте се со неговите физички капацитети, предавални, лаборатории…

Се гледаме на 19 август во 10:00 или во 12:00 часот на Фармацевтски факултет во Скопје!