Menu Close

Ден на кариера на УКИМ

Ден на кариера на УКИМ

Во насока на унапредување на вештините и насочување на студентите во нивниот понатамошен кариерен развој, Центарот за кариера на УКИМ во соработка со Тривити организира настан „Ден за кариерен развој“.

Настанот ќе се одржи на 07.06.2022 со почеток од 10:00 до 18:00 часот на платото на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, каде 28 реномирани компании ќе ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите. Настанот нуди единствена можност за остварување на директен контакт со компаниите и нивно доближување до студентите, проширувајќи ги нивните кариерни можности.

Настанот ќе биде надополнет и со повеќе едукативни сесии, панел дискусии и мотивациски обраќања.

Агендата на настанот.

  • 09:30 Пристигнување на компаниите и нивно сместување
  • 10:00 Пристигнување на студенти и други поканети гости
  • 10:30 Отворање на настанот и кратко претставување на агендата на главна бина
    • Обраќање на ректор
    • Обраќање на раководителот на Центарот за кариера на УКИМ
    • Обраќање на претставник од THRIVITY
  • 11:00 Заедничка обиколка на организаторите и говорниците на сите штандови
  • 11:00 Заедничка обиколка на организаторите и говорниците на сите штандови
  • 11:30 Панел дискусија #1 (Тема: Важноста на практиканството и подготовка за прво вработување на студентите)
  • 12:10 Музички сет #1   
  • 12:30 Мотивациски говор # 1  (COO Sensile Medical Switzerland:  Инспирација за вработување – глобална отвореност на пазарот на труд  Inspiration for employment – globally open labor market)
  • 13:00 Панел дискусија #2 (Хибридни професии – новата реалност за младите и за компаниите) Асоцијација на кариерни советници
  • 13:30 Музички сет #2
  • 14:30 Мотивациски говор #2 (Развој на компетенции – мостот помеѓу формалното образование и барањата на компаниите) Активатор
  • 14:45 Музички сет #3
  • 15:30 Мотивациски говор #3 (Кариерно советување во високото образование – позитивни светски практики) проф. д-р Софија Георгиевска
  • 15:50 Музички сет #4

Компании кои ќе учествуваат на настанот:

Алкалоид, Раде Кончар, Филип Морис, Реплек, Скопска Пивара, Еуроникел, Мак Прогрес, ПроКредит Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, НЛБ Банка, Лакталис, Geresheimer, Индитекс, Van Hool, Slice, TaskForce, Нелт, Вива сокови, Веста дрогерија, Рамстор, Адинг, Џонсон Мети, DS Smith, Тиквеш, Макстил, Варус/Бионика, British American Tobacco