Menu Close

ТЕРЕНСКА НАСТАВА ПО ФАРМАЦЕВТСКА БОТАНИКА 2022

Почитувани студенти,

Составен дел од наставата за предметот Фармацевтска ботаника, е теренска настава што ќе се одржи во периодот 31 Мај – 03 Јуни 2022 (Теренската настава се бодува со 10 бода).  Ќе се престојува во одмаралиштето на МВР, Крани, цена на 3 полни пансиони ивнесува 2700 денари и секој пооделно си ги плаќа во самото одмаралиште,а цена на превоз за сите 4 денови изнесува 1200 денари и треба да биде платена порано во месец мај, за што ќе договориме термин.

Тргнуваме во 07.00ч (31.05.2022- вторник) од Железничка станица, збирно место кај поранешен Колосеум. Плаќањето ќе биде на лице место во автобусот. Ќе ве замолиме да пристигнете минимум 15 минути пред тргнување (06:45 пожелно).

Програма:

Ден 1: Патување кон Битола со две попатни застанувања за собирање на растенија, Градско и Плетвар.  Слободно време за ручек (во сопствена режија) од 2-3 часа во Битола. Пристигнување во Крани, сместување. Попладне собирање на растенија покрај брегот до Сливница. Вечера во хотелот.

Ден 2 и 3: После доручек во 8.30 часот се тргнува со автобусите на терен. Се оди на Галичица еден ден а вториот ден се оди накај с.Брајчино, пешачење и собирање на растенија. Враќање во хотелот, ручек. Попладневна настава, хербаризирање. Вечера.

Ден 4. После доручекотсе напушта хотелот. Автобусите одат во НП Пелистер преку Битола (хотел Молика). Пешачење и собирање на растенија. Ручек (обезбедени се ручек-сендвичи од хотелот) пауза на Копанки. Враќање кон Скопје околу 17 часот.

*Да се носат обувки соодветни за планинарење, крема за сончање, капа или марама за заштита на главата, наочари за сонце, памучни маици и кошули тенки со долги ракави, чорапи (повисоки), јакна соодветна за дожд и ветер (кабаница, ножици, лопатчиња, весници, кеси и папки за собирање на растенија). Дополнително носете си лекови кои сметате дека можат да ви бидат потребни и средство против комарци. 

ЛИНК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: https://forms.gle/r84eUi1XgqZW6hnq8

Линкот за пријавување ќе биде активен до 12 мај 2022 до 10 часот.

За сите дополнителни прашања контактирајте не на e-mail.

Од Катедра