Menu Close

Известување за запишување на летен семестар и заверка на зимски семестар во учебната 2021-2022 година

И З В Е С Т У В А Њ Е
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР И ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 
ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Се известуваат студентите на Фармацевтскиот Факултет дека запишувањето на летниот семестар (2-ри,4-ти,6-ти, 8ми и 10-ти сем.) и заверка на зимскиот семестар (1-ви, 3-ти, 5-ти, 7-ми и 9-ти) за учебната 2021-2022 година ќе се врши во периодот од 01.02.2022 до 15.02.2022 година. За оваа ќе биде потребно студентите задолжително:

  • Електронски да го запишат следниот семестар (во iKnow)
  • До студентска служба да достават потребни документи за запишување/заверување на семестар
  • Да одговорат на анкетниот прашалник за евалуација на наставниот кадар на Факултетот (достапен на web страната на ФФ), за предметите кои ги слушале во семестарот кој што го заверуваат .

I ЕЛЕКТРОНСКО ЗАПИШУВАЊЕ

  • студентите во периодот од 01.02.2022 до 15.02.2022 година задолжително да направат електронски упис на летниот семестар во iKnow системот (сите студенти од сите студиски програми),
  • при упис на семестарот во iKnow системот, потребно е да ги внесете СИТЕ ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ И ПРЕДМЕТИ за упис. Доколку неможете да запишете соодветен предмет а имате исполнето услов за запишување напишете коментар зошто неможете да го запишете.

II ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН И ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР

По електронското запишување на семестарот студентите ги поднесуваат потребните документи, во соодветно обележаните сандачиња по семестри во холот на факултетот, откако ќе ги исполнат сите услови за заверка и упис на семестарот.

Доколку индексот ви е потребен за оцена или потпис не го оставајте во сандачињата.  Индексите заедно со обрасците може да ги оставите, откако ке ги соберете сите потписи и оцени во индексот материјално  или електронски, најдоцна до 21.02.2022 година .

  1. ИНДЕКС
    • Во индексот потребно е да ги имате сите потписи од предметите што сте ги слушале во зимскиот семестар без разлика дали имате електронски потпис. Предметите што ќе ги преслушувате и слушате во летниот семестар, треба да бидат напишани во индексот и во образецот за запишување на летниот семестар.
  2. ОБРАЗЕЦ ЗА ЗАВЕРУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР
    • Образецот за заверка на семестар треба да биде читко пополнет со предметите што сте ги слушале во зимскиот семестар и за кои имате право на потпис, имате потпис во индексот како и името на професорот од кој имате потпис. Доколку немате право на потпис по одреден предмет, тој предмет не треба да го пишувате во образецот за заверување на семестарот.
  3. ОБРАЗЕЦ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР
    • Образецот за запишување на семестар треба да биде пополнет со предмети што ќе ги презапишувате (доколку ги имате) и предмети за кои што сте стекнале услов да ги слушате во летниот семестар.
    • При запишување на предметите студентите најпрво ги запишуваат неположените и ислушани предмети од претходни летни семестри, потоа запишуваат предмети за кои стекнале услов по прв пат да се слушаат. Максимум може да запишат 35 ЕКТС кредити. Студентите со просечен успех над 8,5 може да запишат 40 ЕКТС кредити.
    • НАПОМЕНА: Предметите во образците за заверување на зимскиот односно запишување на летниот семестар, треба да се идентични со предметите кои сте ги запишале во индексот и електронски во iKnow системот за заверување/запишување на семестарот. Доколку пополнетите предмети не се идентични (во образците за заверка и упис со тие во индексот и електронскиот упис во iKnow системот) ќе се смета за упис после рок и ќе треба да се уплати казна за ненавремено запишување на семестарот.
  4. Потврда (УПЛАТНИЦА) за уплатена рата за партиципација/кофинансирање
  5. Потврда (УПЛАТНИЦА) за надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд и лабораториски вежби
  6. Потврда (УПЛАТНИЦА) за презапишување на предмети (доколку студентот презапишува предмет/и)

III AНКЕТA ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА НАСТАВНИОТ КАДАР НА ФАКУЛТЕТОТ

Анкетниот прашалник за евалуација на наставниот кадар на Факултетот e достапен на web страната на ФФ за секој предмет засебно, во мени Студирање -> Анкети. Пополнувањето на анкетата за предметите кои студентот ги слушал во семестарот кој го заверува е задолжително.

За направената евалуација студентот е должен да напише изјава во која ќе наведе кои предмети ги евалуирал да ја потпише и да ја достави заедно со документите за запишување на семестарот. Без оваа изјава нема да може да ви се одобри уписот.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

  • Студентите запишани во државна квота (без разлика на година на упис) доколку запишат предмет ПО ТРЕТ ПАТ преминуваат, односно го продолжуваат студирањето до крајот на студиите во КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ. Овие студенти потребно е да поднесат БАРАЊЕ /МОЛБА до студентската служба за продолжување на студиите во квота со кофинансирање и да потпишат содветни документи за промена на квота.
  • Студентите запишани од 2013/14 година па наваму кои нема да освојат 50% од запишаните КРЕДИТИ во одреден семестар (зимски/летен) до почетокот на истиот семестар наредната година (зимски/летен) преминуваат во КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ и го продолжуваат студирањето до крајот на студиите во квота со кофинансирање. Овие студенти потребно е да поднесат БАРАЊЕ (МОЛБА) до студентската служба за продолжување на студиите во квота со кофинансирање и да потпишат содветни документи за промена на квота.
  • Студентите кои немаат стекнато услов за слушање на предмети во летниот семестар, а имаат право на полагање, како и студенти кои завериле 10-ти семестар, а имаат предмети за полагање или бранење на дипломски труд, го запишуваат/регистрираат семестарот. За таа цел  поднесуват индекс, образец за заверување и запишување на семестарот, и уплатница од 1000 денари на жиро сметка на Фармацевтски факултет дадена во прилог.
  • Студентите кои семестарот го плаќаат на рати мора да го имаат расчистено претходниот семестар по што ќе може да достават молба за плаќање на рати на тековниот семестар.
  • Доколку студентот ненавремено го изврши електронскиот и уписот во материјална форма должен е да уплати за запишување и заверка на семестар вон предвидениот рок (500 ден за заверка и 500 ден за упис на семестар) на жиро сметка на Факултетот, со назнака заверка и упис после рок. Оправдано е запишување на семестар по рок, за студенти кои полагаат само условен предмет за кој немаат добиено резултати во рокот предвиден за запишување на семестарот.
  • Бидејки документите се оставаат во кутии во холот на факултетот се молат студентите да ги захефтаат уплатниците. Сите некомплетни документи, несоодветно и нецелосно пополнети од страна на студентот како и несовпаѓање на напишаните предмети со електронски запишаните предмети во iKnow, ќе се смета за запишување на семестарот после рок.

ПОДАТОЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА СУМАТА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ УПЛАТИ ЗА ШКОЛАРИНА И ДРУГИ УПЛАТИ

Секој студент врз основа на бројот на кредити кои ги запишува и квотата во која студира го пресметува износот на школарината. Податоците за пресметка дадени се во табела што следи. Во истата наведени се и дополнителни услови и износи за уплата.

Табела 1. Податоци за пресмета на уплати за школарина и други уплати

УПЛАТИ Пресметка за уплата / износ за: /
/ Државна квота (партиципација) Кофинансирање
Студенти запишани ОД учебната 2010/11 и понатаму   3,33 ЕУР (205 ден.) по кредит на сметка на Фармацевтски факултет 6,66 ЕУР (410ден.) по кредит на сметка на Фармацевтски факултет
Студенти со завршено целокупно образование во странство и иселеници со 400 ЕУР годишно 6,66 ЕУР (410ден.) по кредит  се уплаќа на сметка на РЕКТОРАТ
Странски студенти запишани со 1500 ЕУР 25 ЕУР (1537,5 ден) по кредит се уплаќа на сметка на РЕКТОРАТ
За надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд и лабораториски вежби** 1000 денари, уплаќаат СИТЕ студенти запишани на ФФ на сметка на Фармацевтски факултет, со назнака за надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд и лабораториски вежби
Презапишување на предмет * 1200 денари по презапишан предмет уплаќаат сите студенти кои презапишуваат предмет, запишани од 2014/2015 година и натаму, на ж/ска на Фармацевтски факултет приходна шифра 723013-41
Регистрација на семестар 1000 денари уплаќаат студенти кои немаат стекнато услов за слушање на предмети во летниот семестар, а имаат право на полагање, како и студенти кои завериле 10-ти семестар, а имаат предмети за полагање или бранење на дипломски труд, со назнака за регистрација на семестар
Задоцнета заверка и запишување на семестар 1000 денари = 500 ден за заверка + 500 ден за упис на семестар на сметка на Фармацевтски факултет, со назнака заверка и упис после рок

*Студентите запишани од 2014/15 и понатаму, доколку презапишуваат предмети покрај уплатата за кредити треба да уплатат и по 1200 денари од предмет (согласно потпишаниот договор) на жиро сметка на Фармацевтски факултет но на посебна уплатница, не заедно со школарината. Иста жиро сметка но на  приходна шифра 723013-41, на која ќе назначите за колку предмети уплаќате . Ова важи и за странските студенти.

**Сумата од 1600 денари за надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд и лабораториски вежби, за оваа учебна година е намалена на 1000 денари согласно добиеното Решение бр 02-864/1 од 31.12.2021.

ПОДАТОЦИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА УПЛАТНИЦИ:

Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП 50 на жиро сметка наФармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ (пресметано според табела 1)
  • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
  • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
  • Цел на дознака: Уплата за број на кредити во државна квота / квота со кофинансирање

Пример: Уплата за 30 К во државна квота / уплата за 35 кредити во квота со кофинансирање)

Уплата за презапишување на предмети  се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ: (пресметано според табела 1, 1200ден/предмет)
  • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
  • Приходна шифра и програма 723 013 41 начин 2
  • Цел на дознака: Уплата за презапишување на _х_ предмети (задолжително да напишете за колку предмети уплаќате)

Уплата за регистрирање семестарот се врши на образец ПП 50 на жиро сметка наФармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ: 1000 денари
  • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
  • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
  • Цел на дознака: За регистрација на семестар

Уплата за надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд и лабораториски вежби, на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ : 1000 денари
  • Сметка на буџетски корисник 1600104553 788 12
  • Приходна шифра и програма  723 013   41   начин: 2

ЗА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ:

Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на РЕКТОРАТ и ги содржи следните податоци:

  • Назив на примачот: УКИМ
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ (пресметано според табела 1)
  • Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
  • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
  • Цел на дознака: Уплата за број на кредити во државна квота / квота со кофинансирање.