Menu Close

Известување до студентите на УКИМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СТУДЕНТИТЕ НА УКИМ

Од денес, 9 септември 2021 г. започнува со работа Вакциналниот пункт на УКИМ кој е сместен во Кампусот на општествените науки на приземјето на Економскиот факултет во Скопје, на бул. Гоце Делчев бр.9 В.

Истиот ќе биде отворен секој работен ден, од 8:00 до 14:00 часот. Во него работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од Поликлиниката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје . Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите.

http://www.ukim.edu.mk/mk_vest.php?v_id=367