Menu Close

Известување за стипендиите кои ги доделува УКИМ за десет студенти со најдобар успех од средно образование и ослободувањето од плаќање партиципација во прва година во учебната 2020/2021

 И З В Е С Т У В А Њ Е

Во врска со стипендиите кои ги доделува УКИМ за десет студенти со најдобар успех од средно образование и ослободувањето од плаќање партиципација во прва година во учебната 2020/2021, Ве известуваме дека сите примени студенти кои имаат освоено 100 поени при упис НЕ ТРЕБА да достават уплатница за дел од трошоците на студирање.

Согласно Одлуката за доделување на стипендии на студентите на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј,, во Скопје, Ректорот донесува конечна одлука за доделување на стипендии.

Студентите кои ќе бидат корисници на стипендијата, дополнително ќе бидат известени, а останатите ќе треба да ја извршат уплатата во рок кој накнадно ќе биде објавен.

                                                                                    ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ