Menu Close

Информација за полагање на практичен испит по предметите од Институтот за фармацевтска технологија

Се известуваат студентите кои ќе полагаат практичен испит по предметите на Институтот по фармацевтска технологија, дека истите ќе се одржат во деновите кога ги имаат избрано, согласно распоредот. Напомена: условно положен практичен испит во некоја од претходните сесии беше валиден само за дадената сесија. Студентите кои имаат презапишано некој од предметите, практичниот испит не се смета за положен доколку истиот го немаат положено повторно во тековната учебна година.

Практичните испити ќе се одвиваат на платформата Microsoft Teams. За приклучување кон тимот на кој ќе се одржат практичните испити ќе биде испратена покана по mail неколку дена однапред. За студентите којшто ќе полагаат на 31.08.2020 година (понеделник), покана за приклучување кон тимот ќе им биде испратена најдоцна до четврток. Во четврток попладне (по договор) ќе се одржи пробно тестирање со цел да се утврди техничкото функционирање на испитот.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО е студентите да имаат камери бидејќи истите ќе бидат вклучени додека полагаат. Во спротивно нема да бидат примени на испит.

Од Катедра