Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Известување за упис на зимски семстар во учебната 2020-2021 година

Запишувањето на зимскиот семестар (1-ви, 3-ти, 5-ти, 7-ми и 9ти семестар) за учебната 2020-2021 година и заверка на летниот семестар (2-ри, 4-ти, 6-ти ,8-ми и 10-ти семестар) за учебната 2019-20 година ќе се врши во ЕЛЕКТРОНСКА и во МАТЕРИЈАЛНА ФОРМА, во периодот од 26.08.2020 до 30.9.2020 година.

По електронското запишување на семестарот студентите ги поднесуваат потребните документи заедно со индексот во соодветно обележаните кутии по семестри во холот на факултетот.

Студентите задолжително да направат ЕВАЛУАЦИЈА (важи за сите студенти), ЕЛЕКТРОНСКИ упис на зимскиот семестар во iKnow системот (ВАЖИ ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ Магистер по фармација, Лабараториски биоинженер и Диететика и диетотерапија). Дополнително ќе биде објавен линкот за евалуацијата.

ПРИ УПИС НА СЕМЕСТАРОТ во iKnow СИСТЕМОТ, ПОТРЕБНО Е ДА ГИ ВНЕСЕТЕ СИТЕ ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ :

  • ПРЕДМЕТИ КОИ ЌЕ ГИ СЛУШАТЕ И ПРЕСЛУШУВАТЕ,
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ОДБЕРЕТЕ ПРОФЕСОР КАЈ КОЈ ЌЕ ГО СЛУШАТЕ ПРЕДМЕТОТ
  • Доколку неможете да запишете соодветен предмет, а имате исполнето услов за запишување напишете коментар зошто не можете да го запишете.

ВАЖНО: Студентите кои не направиле ЕВАЛУАЦИЈА нема да можат да го запишат семестарот.

При запишувањето на предметите студентот најпрво ги запишува неположените а ислушани предмети од претходни зимски семестри, потоа запишува предмети за кои стекнал услов прв пат да ги слуша. Студентот може да запише максимум 35 ЕКТС кредити. Студентите со просечен успех над 8,5 може да запишат 40 ЕКТС кредити.

Во исто време се врши заверка на летниот семестар за учебната 2019/2020 год со поднесување на соодветен ОБРАЗЕЦ ЗА ЗАВЕРКА.

Студентите запишани во државна квота, без разлика на година на упис, доколку запишуваат предмет по трет пат преминуваат, односно го продолжуваат студирањето до крајот на студиите во квота со кофинансирање. Овие студенти поднесувааат барање (молба) до студентската служба за продолжување на студиите во квота со кофинансирање и потпишуваат содветни документи за промена на квота. Истото важи и за студентите запишани од 2013/14 година па наваму кои не положиле најмалку 50% од запишаните (КРЕДИТИ) во одреден семестар, до почетокот на наредниот соодветен семестар (зимски односно летен).

Студентите запишани од 2014/15 па наваму и студентите запишани преку Ректоратот доколку презапишуваат предмети покрај уплатата за кредити треба да уплатат и по 1200 денари за секој презапишан предмет, на жиро сметка на Фармацевтски факултет приходна шифра (723013-41).

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА И ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2019-20 година.

  1. ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ:
    • Индекс,
    • образец за заверување на семестар,
    • образец за запишување на семестар,
    • статистички лист ( задолжително го пополнуваат сите студенти) ,
    • уплатница за платена школарина на жиро сметка на Фрмацевтски факултет,
    • уплатница за преслушување доколку преслушувате,
    • уплатница за осигурување, солидарен фонд штети и лабораториски вежби,според соопштението како и
    • уплатница за ИКСА-УКИМ, на жиро сметка на Ректоратот.( дадена сметка во прилог 4)
  2. Во индексот потребно е да ги имате сите потписи од предметите што сте ги слушале во ЛЕТНИОТ семестар без разлика дали имате електронски потпис.
  3. Предметите што ќе ги преслушувате и слушате во ЗИМСКИОТ семестар, треба да бидат напишани во индексот и во образецот за запишување на ЗИМСКИОТ семестар.
  4. Образецот за заверка на семестар треба да биде читко пополнет со предметите што сте ги слушале во ЛЕТНИОТ семестар за кои имате право на потпис и потпис во индексот. Покрај предметите потребно е да ги внесете и имињата на професорите од кои сте добиле потпис. Доколку немате право на потпис по одреден предмет, тој предмет нетреба да го пишувате во образецот за заверување.
  5. Образецот за запишување на семестар треба да биде пополнет со предмети што ќе ги презапишувате (доколку ги имате) и предмети што сте стекнале услов да ги слушате во ЗИМСКИОТ семестар.
  6. Предметите кои ќе ги запишете во образците за заверување на ЛЕТНИОТ односно запишување на ЗИМСКИОТ семестар, треба да се идентични со предметите за заверување/запишување на семестарот во индексот.
  7. Доколку пополнетите предмети не се идентични во образците за заверка и упис со тие во индексот, ќе се смета за упис после рок и ќе треба да уплатите казна за ненавремено запишување на семестарот.
  8. СТУДЕНТИТЕ КОИ НЕМААТ СТЕКНАТО УСЛОВ ЗА СЛУШАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР НО ИМААТ ПРАВО НА ПОЛАГАЊЕ ПРЕДМЕТИ ОД ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР КАКО И студенти кои завериле 10-ти семестар а имаат предмети за полагање и бранење на дипломски труд, го запишуваат/регистрираат семестарот исто како и останатите студенти. За таа цел студентите поднесуват: индекс, образец за заверување и запишување на семестар, статистички лист, уплатници (за Солидарен фонд,штети и осигурување и за ИКСА УКИМ.За школарина уплаќаат уплатница од 1000 денари на жиро сметка на Фармацевтски факултет дадена во прилог 1 (со цел на дознака за регистрација на семестар)
  9. Дололку студентот не го изврши навреме електронскиот упис и уписот во материјална форма должен е да уплати за запишување и заверка на семестарот по рок (500 за заверка и 500 за упис на семестар) на жиро сметка на факултетот, со назнака заверка и упис после рок. Оправдано е запишување на семестар по рок, за студенти кои полагаат само условен предмет за кој немаат добиено резултати во рокот предвиден за запишување на семестар.

ПРИЛОГ НА УПЛАТНИЦИ:

Важно: При пополнувањето на уплатниците студентите треба да внимаваат на која приходна шифра што се уплаќа и во цел на дознака на уплатницата за школарина задолжително да напишат за колку кредити уплаќаат и број на индекс.

Школарината и преслушувањето се уплакаат на 2 уплатници на иста жиро сметка, но со различна приходна шифра.

Потврда за уплатена рата за партиципација/кофинансирање според следната табела:

  Државна квота (партиципација) Кофинансирање
Студенти запишани ДО учебната 2009/10 3,33 ЕУР (205 ден.) по кредит 16,66 ЕУР (1025 ден) по кредит
Студенти запишани ОД учебната 2010/11 3,33 ЕУР (205 ден.) по кредит 6,66 ЕУР (410ден.) по кредит
Странски студенти според потпишаниот договор 1500 ЕУР(1537,5 ден) по кредит 1400 ЕУР (1435 ден) по кредит  

Студенти запишани по стара програма ПРЕД учебната 2009/10 год. кои не платиле партципација за 10 семестри, плакаат: во државна квота 100 ЕУР (6.150 ден.) по семестар, и 500 ЕУР (30.750 ден.) по семестар запишани со кофинансирање

  1. Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
    • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
      Банка на примачот: НБРМ
      Цел на дознака (задолжително): да се напише за колку кредити уплаќате ,сем, државна квота/кофинансирање
      Сметка 100 0000000630 95
      Износ (пресметано според табела под точка 1.)
      Сметка на буџетски корисник 1600104553 788 12
      Приходна шифра и програма 723 012 41 начин2 а преслушувањето на 723 013 41начин-2
  2. Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на Ректорат и ги содржи следните податоци: ЗА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ И СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ПРЕКУ РЕКТОРАТОТ
    • Назив на примачот: Универзитет ,, Св.Кирил и Методиј,, Скопје (УКИМ)
      Банка на примачот: НБРМ
      Цел на дознака (задолжително): партиципација за ЗИМСКИ сем,и заколку кредити уплаќате.
      Сметка 100 0000000630 95
      Износ (пресметано според табела под точка 1.)
      Сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18
      Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
  3. Потврда за уплатени 100 ден со цел на дознака: за колективно осигурување на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
    • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
      Банка на примачот: НБРМ
      Сметка 100 0000000630 95
      Износ: 100 денари
      Сметка на буџетски корисник 1600104553 788 12
      Приходна шифра и програма 723 013 41 начин: 2
  4. Потврда за уплатени 1000 денари за студентите запишани до 2013/14 година со цел на дознака: надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд и лабораториски вежби,
    или 1600 денари за студентите запишани од 2014/15 па наваму со цел на дознака:осигурување надомест на штети, солидарна одговорност, книжен фонд и лабораториски вежби, на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
    • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
      Банка на примачот: НБРМ
      Сметка 100 0000000630 95
      Износ : 1000 денари
      Сметка на буџетски корисник 1600104553 788 12
      Приходна шифра и програма 723 013 41 начин: 2
  5. Потврда за уплатени 750 денари со цел на дознака: ИКСА на УКИМ за Фармацевтски факултет образец ПП 50 на жиро сметка на Ректоратот на УКИМ со следните податоци:
    • Назив на примачот: Универзитет ,, Св.Кирил и Методиј,, Скопје (УКИМ)
      Банка на примачот: НБРМ
      Сметка 100 0000000630 95
      Износ: 750 денари
      Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
      Приходна шифра и програма: 723012 41 начин 2

Напомена: Бидејки документите се оставаат во кутии во холот на факултетот сите некомплетни документи,несоодветно пополнети (Образец за заверување и запишување,статистички лист како и непополнет или нецелосно пополнет индекс од страна на студентот) ќе се сметаат за запишување на семестарот после рокот.

Од
Студентската служба