Menu Close

Известување за одложување на терминот за презентација на програмата за практиканство

Почитувани студенти,

Согласно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија врз основ на предлог мерките на Комисијата за заразни болести поврзани со новонастанатата ситуација со корона вирусот, презентацијата на програмата за практиканство во Алкалоид АД Скопје, што беше закажана за 11.03.2020 година, се одложува.

Новиот термин на одржување на презентацијата ќе биде дополнително закажан.

Благодарам за разбирањето и соработката,
Центар за кариера,
Фармацевтски факултет, Скопје