Menu Close

Презентација на програмата за практиканство во Алкалоид 2020

Почитувани студенти,

На Фармацевтскиот факултет во Скопје, на 11.03.2020, среда, во предавална 2 со почеток во 12.30 часот, ќе се одржи презентација на проектот
“Програма за млади таленти во Алкалоид АД Скопје”,
остварување на практиканство во лабораториите на Алкалоид АД за студентите од Фармацевтскиот факултет, Скопје.

Целта на презентацијата е запознавање на студентите со дејноста на Алкалоид, обемот и видот на задачи кои студентите би ги извршувале во тек на летната пракса во Алкалоид, начинот и условите за аплицирање, како и бенефитот кој студентите би го стекнале во поглед на своите практични знаења и способности со остварување на практиканството и секако, проширување на кариерните можности за студентите со стекнато практично искуство.

Сите заинтересирани студенти од Фармацевтскиот факултет – Скопје, од студиските програми Магистер по фармација и Дипломиран лабораториски биоинженер, се добредојдени!

Ве очекуваме!
Центар за кариера
Фармацевтски факултет, Скопје