Menu Close

Центар за кариера: 24.12.2019 Презентација на Лек Биокамп 2020 и работилница за меки вештини

Почитувани студенти,

Како дел од активностите на Центарот за кариера при Фармацевтскиот факултет во Скопје, на 24.12.2019, вторник, во 11:00 часот во предавална 3 на Фармацевтскиот факултет, ќе се одржат два настани:

  1. Презентација на Лек Биокамп и пријавување во база на таленти

Со почеток во 11:00 часот ќе се одржи презентација за кариерни и научно-истражувачки можности за студентите на Фармацевтскиот факултет, од страна на компанијата Lek Pharmaceuticals d.d. член на групацијата Sandoz (www.lek.si/en).

Целта на оваа презентација ќе биде претставување на компанијата и можностите за идна кариера и научно-истражувачка работа што ги нуди за студентите на Фармацевтскиот факултет.

Дополнително, на презентацијата ќе биде промовиран претстојниот Биокамп 2020, кој ќе се одржи помеѓу 24-26 мај 2020, во Љубљана, Словенија, а на кој учество можат да земат сите студенти од нашиот факултет (https://www.lek.si/en/careers/biocamp).

Оваа година Биокампот го слави своето јубилејно 10. издание и вклучува повеќе новитети.

Затоа, со задоволство ги очекуваме заинтересираните студенти, кои овој пат ќе имаат можност да се пријават во интерната база на таленти.

Презентацијата ќе трае 40 минути, а говорник ќе биде м-р фарм. Огнен Јакасановски, Scientist Pharmaceutical Development, Lek d.d., член на групацијата Sandoz.

  1. Работилница за меки вештини

Со почеток во 12:00 часот ќе се одржи работилница на тема:

Кои се вештините на иднината?
Како да подготвам CV и мотивациско писмо?
Како да го преживеам првото интервју за работа?

Работилницата ќе трае 60 минути.

Ве очекуваме,
Центар за кариера