Menu Close

Пакет информации за упис на нови студенти на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Фармацевтски факултет во Скопје за академската 2019/2020 година

По Конкурсот за запишување студенти за во ПРВА година на студиските програми на ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје, во учебната 2019/2020 ќе се запишат следниот број на студенти:

  • На студиска програма Магистер по фармација (10 семестри – петгодишни интегрирани студии од прв и втор циклус) ке се запишат 60 студенти во редовна државна квота со партиципација од 200 ЕУР и 60 студенти во редовна квота со кофинансирање на студиите од 400 ЕУР годишно. (линк за изборни предмети од матура)
  • На студиска програма Лабораториски биоинжинер (6 семестри – тригодишни студии од прв циклус) ке се запишаат 25 студенти во редовна државна квота со партиципација од 200 ЕУР и 25 студенти во редовна квота со кофинансирање на студиите од 400 ЕУР годишно. (линк за изборни предмети од матура)
  • На студиска програма Диететика и диетотерапија (6 семестри – тригодишни студии од прв циклус) ке се запишаат 25 студенти во редовна државна квота со партиципација од 200 ЕУР и 25 студенти во редовна квота со кофинансирање на студиите од 400 ЕУР годишно. (линк за изборни предмети од матура)

ПРАВО НА УПИС ИМААТ

  1. Кандидати кои положиле државна или меѓународна матура ( гимназиско или средно стручно образование во траење од 4 години)
  2. Кандидати кои завршиле 4 годишно образовние во претходните учебни години (пред учебната 2007/08) кои не полагале дравна матура (важни предмети се хемија и биологија)
  3. Кандидати со завршен о високо или вишо образование на сроден факултет (Мадицински и Стоматолошки) до 10% од вкупниот број редовни студенти утврден во Конкурсот (овие кандидати се запишуваат надвор од квота , и се запишуваат во квота со кофинансирање на студии).
  4. Кандидати со завршена меѓународна матура.
  5. Кандидати државјани на РСМ со завршено дел од средно образование во странство.
  6. Кандидати со завршено приватно средно училиште во РМ
  7. Кандидати припадници на безбедносните сили и други категории на лица утврдени со Закон за посебни права и лица утврдени со одредбата од чл. 23 од истиот Закон (до 10 % од вкупниот број студенти на соодветната студиска програма).
  8. Кандидатите со завршено целокупно средно образование во странство – иселеници и државјани на РМ (ги поднесуват документите во Ректоратот на УКИМ)
  9. Странски државјани (ги поднесуват документите во Ректоратот на УКИМ).

Напомена:
– Кандидатите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 документите за упис (оригинали) ги поднесуваат во просториите на ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ
– Кандидатите под реден број 8 и 9, односно странските државјани и кандидати иселеници и државјани на РМ со завршено целокупно средно образование во странство потребните документи за упис (нострифицирани свидетелства за образованието завршено во странство) ги поднесуваат во РЕКТОРАТОТ на УКИМ (глава VII точка а и точка б.1 од Конкурсот на УКИМ за 2019-20 година)

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

  прв рок втор рок трет рок  
Пријавување на кандидатите 29 и 30.08.2019 12 и 13.09.2019 25.09.2019 8:30 до14:00ч. Пред.2  
Објавување резултати од успехот од средно образование 03.09.2019 16.09.2019   на веб страна www.ff.ukim.edu.mk
Објавување решение за прием на кандидатите 06.09.2019 20.09.2019   на веб страна www.ff.ukim.edu.mk
Запишување на примените кандидати 11 .09.2019 24.09.2019 30.09.2019 8:30 до 14:00ч. Пред.2

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пред поднесување на документи во роковите утврдени со Конкурсот секој заинтересиран кандидат задолжително треба да се регистрира и да пополни електронска пријава на www.upisi.ukim.mk. Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот за електронско пријавување треба да се внесе и во пријавата за запишување (хартиена верзија образец А1).

При пријавување за запишување на Фармацевтски факултет кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  1. Пријава за запишување, образец А1 (од книжара)
  2. Електронска пријава (испечатена од електронското пријавување на www.upisi.ukim.mk)
  3. Оригинални свидетелства од сите години
  4. Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  5. Извод од матична книга на родените (оригинал без оглед на датумот на издавање)
  6. Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  7. Припадниците на безбедносните сили, членовите на нивните семејства и други категории на лица утврдени со Законот за посебните права на денот на упис доставуваат документ од соодветниот орган (Дополнително доставување на документи не се признава)
  8. Потврда за уплатени 300,00 денари на образец ПП50 на следната жиро сметка:
Назив на примач: Фармацевтски факултет
Банка на примач: НБРМ
Цел на дознака: пријавување за упис на УКИМ – Фармацевтски факултет Скопје
Трансакциска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
Приходна шифра и програма: 723013 41 начин 2

ЗАБЕЛЕШКА: Бидејки пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби.