Menu Close

Известување за Фармацевтска комора

Почитувани колеги/колешки

            Во изминатиот период апелиравме и укажувавме до колегите и колешките од целиот фармацевтски сектор во нашата држава за нетранспарентното и со тоа нерегуларно одвивање на  изборите на раководни тела и органи во Фармацевтската комора.

            Упатениот апел допре до најголемиот дел од колегите и колешките (добиена огромна подршка во писмена форма) со исклучок на една мала група на наши колеги/колешки кои прикривајќи се зад минимумот на задоволени законски услови (без никакви морални и етички чувства) спротивно на волјата на мнозинството фармацевти, спроведоа избори во фармацевтската комора.

            На изборите гласаа околу 10% од целокупното членство а потоа 32 новоизбрани членови од 50 членови на Собранието на фармацевтската комора ги изгласаа новите тела на фармацевтската комора вклучително и претседател на комората. Тоа значи дека овие тела на фармацевтската комора се изгласани со само  5-7 %  од гласовите на вкупниот број на членови на фармацевтската комора (2700 членови) со што неможат да имаат било каков  кредибилитет во нашата фармацевтска фелата.

            Согласно на тоа, ние долупотпишаните професори и асистенти од Фармацевтски факултет – Скопје го известуваме членството на Фармацевтската комора дека според нас избраните органи на Фармацевтската комора на овие нетранспарентни и со тоа нерегуларни избори се без кредибилитет и легитимитет. Се надеваме дека овој наш став го споделуваат и сите останати колеги и колешки кои застанаа зад апелот против спроведување на нетранспарентни и со тоа нерегуларни избори во Фармацевтска комора.

Колегијален поздрав

  • Проф. д-р Зоран Стерјев с.р.
  • Проф. д-р Ана Поцева Пановска с.р.
  • Проф. д-р Ѓоше Стефков с.р.
  • Проф. д-р Љубица Шутуркова с.р.
  • Проф. д-р Светлана Кулеванова с.р.
  • Проф. д-р Анета Димитровска с.р.
  • Проф. д-р Катерина Горачинова с.р.
  • Проф. д-р Сузана Трајковиќ Јолевска с.р.
  • Проф. д-р Рената Славеска Раички с.р.
  • Проф. д-р Билјана Бауер Петровска с.р.
  • Проф. д-р Татјана Кадифкова Пановска с.р.
  • Проф. д-р Зоран Кавраковски с.р.
  • Проф. д-р Кристина Младеновска с.р.
  • Проф. д-р Марија Главаш Додов с.р.
  • Проф. д-р Руменка Петковска с.р.
  • Проф. д-р Александра Грозданова с.р.
  • Проф. д-р Катерина Брезовска с.р.
  • Проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска с.р.
  • Проф. д-р Маја Симоноска Црцаревска с.р.
  • Проф. д-р Александра Капедановска Несторовска с.р.
  • Проф. д-р Марија Карапанџова с.р.
  • Проф. д-р Тања Петреска Ивановска с.р.
  • Проф. д-р Надица Матевска с.р.
  • Проф. д-р Јелена Ацевска с.р.
  • Проф. д-р Никола Гешковски с.р.
  • Проф. д-р Наталија Наков с.р.
  • Проф. д-р Лилјана Богдановска с.р.
  • Проф. д-р Ивана Цветковиќ Каранфилова с.р.
  • Асс. Зоран Живиќ с.р.
  • Асс. Елизабета Крстевска Божиновиќ с.р.
  • Асс. Душко Шалабалија с.р.
  • Асс. Љубица Михаилова с.р.
  • Асс. Ана Трајковска с.р.
  • Асс. Вероника Стоилковска Ѓоргиевска с.р.
  • Асс. Кристина Шутевска с.р.
  • Асс. Евгенија Михајлоска с.р.
  • Асс. Олга Гигопулу с.р.
  • Асс. Александар Димковски с.р.
  • Асс. Благој Ачковски с.р.