Menu Close

EДУКАТИВЕН КУРС: „УСЛУГА ЗА НОВ ЛЕК – УНЛ

EДУКАТИВЕН КУРС: „УСЛУГА ЗА НОВ ЛЕК – УНЛ

(NEW MEDICINE SERVICE – NMS)”

Центарот за континуирана едукација при Фармацевтскиот факултет, УКИМ – Скопје ги поканува сите заинтересирани фармацевти да се пријават на напредниот едукативен курс посветен на фармацевтската услуга „Услуга за нов лек (УНЛ)” — структурирана клиничко-фармацевтска интервенција насочена кон поддршка на пациентите при започнување нова терапија.

Едукативниот курс „Услуга за нов лек“ (Модули 1–4) во рамки на кој се реализира и колаборативниот проект помеѓу Фармацевтскиот факултет, УКИМ-Скопје и Алкалоид АД, Скопје:

• нуди сеопфатна обука за концептот, организацијата и практичната примена на услугата

• e наменет за фармацевти од аптекарската и клиничката пракса кои сакаат да го унапредат својот професионален ангажман преку воведување на структурирани и современи фармацевтски услуги.

Програмата комбинира стручни предавања, меѓународни искуства и интерактивни работилници со реални случаи од практика, дискусии и евалуација на стекнатото знаење и вештини.

🔹 МОДУЛ 1 и МОДУЛ 2 (за нови учесници)

• Датум: 27.02.2026

o 🚩акредитиран од Фармацевтска Комора со 4 поени

o повеќе за содржината на курсот>>> слика во прилог

🔹 МОДУЛ 3 и МОДУЛ 4 (за учесници кои претходно ги имаат завршено МОДУЛИТЕ 1 и 2, вклучително и новите учесници во МОДУЛИТЕ 1 и 2)

• Датум: 28.02.2026

o 🚩акредитиран од Фармацевтска Комора со 4 поени

o повеќе за содржината на курсот>>>слика во прилог

 Котизација

o Котизацијата за МОДУЛИТЕ 1 И 2 изнесува 7.300,00 ден. со вклучен ДДВ.

o Котизацијата за МОДУЛИТЕ 3 и 4 изнесува 7.300,00 ден. со вклучен ДДВ.

 Пријавување

o Линк за пријавување за МОДУЛ 1 и 2 (за нови учесници) https://forms.office.com/r/Dkj4RBzSDJ

o Линк за пријавување за МОДУЛ 3 и 4 (за учесници кои веќе го имаат завршено првиот дел, вклучително и новите учесници во МОДУЛИТЕ 1 и 2) – https://forms.office.com/r/MAGfFY8KNm

📌 Ве очекуваме!

Центар за континуирана едукација

Фармацевтски факултет, УКИМ-Скопје