Врз основа на член 138,141,став1,148,став 1 и 2, 149 и 150 од Законот за здравствената заштита (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.101/19,153/19, 180/19, 275/19, 77/21,122/21, 178/21,150/22,236/22,199/23, 236/23, 263/23, 30/24, 74/24 и 170/24) и член 3 од Правилникот за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование од областа на стоматологијата и фармацијата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/21, 231/23 и 157/25), одлуката од Наставно-научен совет, Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува
О Г Л А С
за пријавување на кандидати за запишување односно одобрување на специјализации на
Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје
Фармацевтски факултет-Скопје
1.Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за одбрување на специјализации за вработени здравствени работници во јавни здравствени установи:
| Гранка на специјализација | слободни места |
| 1. Испитување и контрола на лекови | 1 место |
| 2. Фармацевтска технологија | 2 места |
2.Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за одбрување на специјализации за вработени во приватни здравствени установи и за невработени.
| Гранка на специјализација | слободни места |
| 1. Испитување и контрола на лекови | 15 места |
| 2. Фармацевтска технологија | 2 места |
| 3. Клиничка фармација | 10 места |
| 4. Фармакоинформатика | 5 место |
| 5. Санитарна хемија | 10 места |
| 6.Токсиколошка хемија | 6 места |
| 7.Лековити растенија – Фармакогнозија | 5 места |
| 8. Аптекарска практика | 5 места |
Согласно член 141 од Законот за здравствена заштита заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови: завршена пробна работа, положен стручен испит и лиценца за работа.
Кандидатите со барањето за специјализација треба да ја достават и следната документација:
- молба;
- кратка биографија CV;
- уверение за завршен Фармацевтски факултет;
- уверение за положен стручен испит;
- лиценца за работа;
- македонско државјанство.
Заинтересираните кандидати за гранка на специјализација под точка 2, потточка 5 (санитарна хемија) може да аплицираат со уверение за завршен Фармацевтски факултет, Технолошки
факултет-отсек прехранбена технологија, Природно-математички факултет, отсек хемија-аналитичка биохемија, биологија-биохемиско физиолошка насока, Факултет за земјоделски науки и храна, студиска програма за преработка на земјоделски производи и студиска програма еколошко земјоделство студиска програма и Биотехнички факултет.
Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар во архивата на Факултетот или преку пошта на следнава адреса Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Фармацевтски факултет-Скопје ул. Мајка Тереза бр. 47, Скопје.
Огласот трае 30 дена сметано од денот на неговото објавување.
За дополнителни информации:Тел. 02-3126032/3126024 локал:121, e-mail:bema@ff.ukim.edu.mk
Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје
Фармацевтски факултет-Скопје

