Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Истражување ЦКЕ и НФИЦ

Дали фармацевтите се заборавените здравствени работници?

Почитувани колеги

Во време на пандемијата предизвикана од SARS-Cov-19 кога целото винамние на светската јавност е насочено кон фармацевтската професија во очекување на вакцина/лек за превенција/третман на COVID-19, на глобално ниво се поставува прашањето: Дали фармацевтите се заборавените здравствени работници?

Центарот за континуирана едукација и Националниот фармакоинформативен центар при Фармацевтскиот факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започнуваат со серија на истражувања за согледување на Улогата и активностите на фармацевтите во во Р.С. Македонија во периодот на COVID-19 пандемија.

За целите на истражувањата се изготвени два анкетни прашалници:

  1. Едниот прашалник е индивидуален и може да го пополни секој фармацевт  кој би сакал да допринесе во Согледување на проблемите кои влијаат на фармацевтите при одговорот на пандемијата на КОВИД-19, како фармацевтите и професионалните тела реагираат на пандемијата и каква поддршка сметаат дека би била корисна.
  2. Другиот прашалник  е наменет за аптеките со цел да се согледа Улогата и активностите на фармацевтите во аптеките во Р.С. Македонија во периодот на COVID-19 пандемија
    • Прашалникот за аптеките ќе биде испратен директно на е-mail aдресите наведени во регистерот на аптеки достапен на lekovi.zdravstvo.gov.mk
    • Овој прашалник се однесува на динамиката и карактерот на работата во конкретната аптека  и треба да биде пополнет од одговорниот за аптеката.

НАПОМЕНА: Во случаите каде повеќе различни аптеки користат иста e- mail адреса ( пр. Аптека 1, Аптека 2, Аптека 3 со е-маил адреса: аптека@apteka.com.mk), од исклучително значење е да се одговори прашалникот за секоја одделно  (не сумарно за сите).

*Доколку не го добиете прашалникот на e-mail адресата на аптеката заради непредвидени технички проблеми (пр. промена на e-mail адреса, прашалникот не се отвара и сл.), а сакате да учествувате во истражувањето Ве молиме да не контактирате на cke@ff.ukim.edu.mk.

Ви благодариме на учеството и вашиот придонес во истражувањето.