Menu Close

Оглас за демонстратори за учебната 2025-2026 година – летен семестар

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј,, Скопје

ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ Скопје

Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Службен весник на Република Македонија бр.82/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.178/2021, 58/2024 и 124/2025), одлуката бр. 02-517/8 од 10.07.2025 од Наставно-научен совет и член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј,, во Скопје, (Универзитетски гласник бр.421/2018), деканот на Фармацевтски факултет распишува

О Г Л А С

за демонстратор

За учебната 2025/2026 година – летен семестар се распишува оглас за избор на демонстратор:

• 1 (eден) демонстратор на Институтот за фармацевтска хемија

Кандидатите треба да ги исполнат следниве услови:

Демонстратор може да биде лице кое е студент на втор или трет циклус на студии со просечна оцена од најмалку 8,00 (осум).

Демонстратор може да биде избран студент од интегриран прв и втор циклус студии кој има остварено најмалку 180 ЕКТС кредити и просечна оцена од најмалку 8,00 (осум).

Демонстраторите се избираат да учествуваат во наставно-образовниот процес во обем и на начин определени со распоредот на работните задачи во тековната учебна година.

Кандидатите кон пријавата поднесуваат докази за исполнетост на условите утврдени со огласот и куса биографија.

Пријавата со потребните документи се поднесува во архивата на факултетот најдоцна во рок од 5 (пет) дена од објавување на огласот заклучно до 16 февруари 2026 година.

Фармацевтски факултет

                                                                                                                        Скопје