EДУКАТИВЕН КУРС: „УСЛУГА ЗА НОВ ЛЕК – УНЛ
(NEW MEDICINE SERVICE – NMS)”
Центарот за континуирана едукација при Фармацевтскиот факултет, УКИМ – Скопје ги поканува сите заинтересирани фармацевти да се пријават на напредниот едукативен курс посветен на фармацевтската услуга „Услуга за нов лек (УНЛ)” — структурирана клиничко-фармацевтска интервенција насочена кон поддршка на пациентите при започнување нова терапија.
Едукативниот курс „Услуга за нов лек“ (Модули 1–4) во рамки на кој се реализира и колаборативниот проект помеѓу Фармацевтскиот факултет, УКИМ-Скопје и Алкалоид АД, Скопје:
• нуди сеопфатна обука за концептот, организацијата и практичната примена на услугата
• e наменет за фармацевти од аптекарската и клиничката пракса кои сакаат да го унапредат својот професионален ангажман преку воведување на структурирани и современи фармацевтски услуги.
Програмата комбинира стручни предавања, меѓународни искуства и интерактивни работилници со реални случаи од практика, дискусии и евалуација на стекнатото знаење и вештини.
МОДУЛ 1 и МОДУЛ 2 (за нови учесници)
• Датум: 27.02.2026
o
акредитиран од Фармацевтска Комора со 4 поени
o повеќе за содржината на курсот>>> слика во прилог
МОДУЛ 3 и МОДУЛ 4 (за учесници кои претходно ги имаат завршено МОДУЛИТЕ 1 и 2, вклучително и новите учесници во МОДУЛИТЕ 1 и 2)
• Датум: 28.02.2026
o
акредитиран од Фармацевтска Комора со 4 поени
o повеќе за содржината на курсот>>>слика во прилог
Котизација
o Котизацијата за МОДУЛИТЕ 1 И 2 изнесува 7.300,00 ден. со вклучен ДДВ.
o Котизацијата за МОДУЛИТЕ 3 и 4 изнесува 7.300,00 ден. со вклучен ДДВ.
Пријавување
o Линк за пријавување за МОДУЛ 1 и 2 (за нови учесници) https://forms.office.com/r/Dkj4RBzSDJ
o Линк за пријавување за МОДУЛ 3 и 4 (за учесници кои веќе го имаат завршено првиот дел, вклучително и новите учесници во МОДУЛИТЕ 1 и 2) – https://forms.office.com/r/MAGfFY8KNm
Ве очекуваме!
Центар за континуирана едукација
Фармацевтски факултет, УКИМ-Скопје




