Menu Close

Известување за запишување и заверка на летен семестар во учебната 2025-2026 година

И З В Е С Т У В А Њ Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2025/2026 ГОДИНА

Се известуваат студентите на Фармацевтскиот Факултет дека запишувањето и заверка на летниот семестар ( 2ри, 4ти, 6ти, 8ми и 10ти) за учебната 2025-2026 година ќе се врши ЕЛЕКТРОНСКИ најдоцна до 18.02.2026 година.

Важна информација: За упис на летниот семестар 2025/2026 година, материјалните индекси од овој семестар нема да бидат во употреба, запишувањето на семестрите во иднина ќе се извршува само по електронски пат.
Студентите кои електроснки го плаќаат семестарот нема да мораат да доѓаат во службата додека останатите кои ќе уплаќаат партиципација со уплатница, потребно е истата да ја достават во студентската служба, со назначување на уплатницата кај цел на дознака: „Уплата за број на кредити во државна квота / квота со кофинансирање ЛЕТЕН СЕМЕСТАР- 2025/2026 година“.

За елетронско плаќање на семестарот:

  1. Студенот првин го запишува семестарот со предметите,
  2. Семестарот се верификува од страна на студентска служба,
  3. Електронското плаќање се активира и може да се изврши во iKnow системот.

I ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  1. Во iKnow системот, Максимум може да запишат 35 ЕКТС кредити. Студентите со просечен успех над 8,5 може да запишат 40 ЕКТС кредити. Студентите кои запишуваат 40 ЕКТС потребно е од страната на факултетот да испринтаат барање и да го пополнат. Барањето се поднесува заедно со индексот.
  2. Потврда (УПЛАТНИЦА) за уплатена рата за партиципација/кофинансирање.
  • Студентите запишани во државна квота (без разлика на година на упис) доколку запишат предмет ПО ТРЕТ ПАТ преминуваат, односно го продолжуваат студирањето до крајот на студиите во КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ. Овие студенти потребно е да поднесат БАРАЊЕ /МОЛБА до студентската служба за продолжување на студиите во квота со кофинансирање и да потпишат соoдветни документи за промена на квота.
  • Студентите запишани од 2013/14 година па наваму кои нема да освојат 50% од запишаните КРЕДИТИ во одреден семестар (зимски/летен) до почетокот на истиот семестар наредната година (зимски/летен) преминуваат во КВОТА СО КОФИНАНСИРАЊЕ и го продолжуваат студирањето до крајот на студиите во квота со кофинансирање. Овие студенти потребно е да поднесат БАРАЊЕ (МОЛБА) до студентската служба за продолжување на студиите во квота со кофинансирање и да потпишат содветни документи за промена на квота.
  • Студентите кои немаат стекнато услов за слушање на предмети во летен семестар, а имаат предмети за полагање од летен семестар или одбрана на дипломски труд, го запишуваат/регистрираат семестарот. За таа цел поднесуват уплатница од 1000 денари на жиро сметка на Фармацевтски факултет дадена во прилог.
  • Студентите кои семестарот го плаќаат на рати мора да го имаат расчистено претходниот семестар по што ќе може да достават молба за плаќање на рати на тековниот семестар. Овие студенти молбата/барањето за плаќање на рати го принтаат од страната на факултетот и пополнето го даваат заедно со документите за упис.
  • Доколку студентот не го запише семестарот елетроснки во дадениот рок, должен е да уплати 1500 денари за задоцнето запишување и заверка на семестар на жиро сметка на Факултетот, со назнака заверка и упис после рок, за ова студентот пополнува посебен образец кој го принта од страната на факултетот го, пополнува и го дава заедно со останатите документи. Оправдано е запишување на семестар по рок, за студенти кои полагаат само условен предмет за кој немаат добиено резултати во рокот предвиден за запишување на семестарот.

II ПОДАТОЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА СУМАТА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ УПЛАТИ ЗА ШКОЛАРИНА И ДРУГИ УПЛАТИ

Износот на школарината за секој студент, се пресметува во iKnow системот врз основа на бројот на кредити кои ги запишува и квотата во која студира.

II.1 ДОКОЛКУ СЕ УПЛАТУВА СО УПЛАТНИЦА:

  1. Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
    • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка: 100 0000000630 95
    • Износ (пресметано според табела 1)
    • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
    • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
    • Цел на дознака: Уплата за број на кредити во државна квота / квота со кофинансирање
      • Пример: Уплата за 30 ЕКТС во државна квота / квота со кофинансирање ЛЕТЕН СЕМЕСТАР- 2025/2026 година

II.2 ДОПОЛНИТЕЛНА (ОПЦИОНАЛНА) УПЛАТА:

  1. Уплата за регистрирање семестарот (доклку се запишува семестар без предмети) се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
    • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка: 100 0000000630 95
    • Износ: 1000 денари
    • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
    • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
    • Цел на дознака: За регистрација на семестар
  2. Запишување на семестар по истекување на рокот се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
    • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка: 100 0000000630 95
    • Износ: 1500 денари
    • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
    • Приходна шифра и програма 723 019 41 начин 2
    • Цел на дознака: За задоцнето запишување на семестар

II.3 УПЛАТНИЦА ЗА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ:

  1. Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП 50 на жиро сметка на РЕКТОРАТ и ги содржи следните податоци:
    • Назив на примачот: УКИМ
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка: 100 0000000630 95
    • Износ (пресметано според табела 1)
    • Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
    • Приходна шифра и програма 723 012 41 начин 2
    • Цел на дознака: Уплата за број на кредити во државна квота / квота со кофинансирање.

Табела 1. Податоци за пресметка на уплати за школарина и други уплати

УПЛАТИПресметка за уплата / износ за:
Студенти запишани ОД учебната 2010/11 и понатамуДржавна квота (партиципација) 3,33 ЕУР (205 ден.) по кредит на сметка на Фармацевтски факултет
Кофинансирање 6,66 ЕУР (410ден.) по кредит на сметка на Фармацевтски факултет
Студенти со завршено целокупно образование во странство и иселеници со 400 ЕУР годишно6,66 ЕУР (410ден.) по кредит се уплаќа на сметка на РЕКТОРАТ
Странски студенти запишани со 1500 ЕУР 25 ЕУР (1537,5 ден) по кредит се уплаќа на сметка на РЕКТОРАТ
Регистрација на семестар. односно запишување на семестар без предмети1000 денари уплаќаат студенти кои немаат стекнато услов за слушање на предмети во летен семестар, а имаат предмети за полагање или одбрана на дипломски труд, со назнака за регистрација на семестар
Запишување на семестар по истекување на рокот1500 денари на сметка на Фармацевтски факултет