Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Известување за ден-сесија на Фармацевтски факултет

Известување за ден-сесија на Фармацевтски факултет

Се известуваат студентите дека Фармацевтскиот факултет организира полагање во дополнителна ден-сесија за студентите на сите студиски програми на Факултетот. Во прилог кратки информации за сесијата:

Датум на одржување: 04/10/2022

Услови за пријавување:

  • Еден (1) предмет од зимскиот семестар
  • Студентот мора да го полагал предметот во изминатата, трета испитна сесија

Студентите кои не ги исполнуваат овие услови нема да можат да полагаат во условната сесија.

Пријавување:

  • Студентот што ги исполнува условите задолжително да се пријави на следниот линк со внесување на основни податоци под соодветниот предмет:  Име и презиме, бр. на индекс
  • Линк за пријавување

Рок за пријавување:  

  • Најдоцна до 03/10/2022 (понеделник) до 10 часот. По истекот на рокот пријавувањето ќе биде затворено. Доколку студентот не е пријавен на овој список нема да може да го полага.

Одржување:

  • Распоредот за полагање ќе биде накнадно истакнат во зависност од бројот на пријавени.
  • На денот на испитот студентите треба да донесе пријава со прикачена уплатница.

Цена за пријавување на испит: 1000 ден

Податоци за уплата:

  • Назив на примачот: УКИМ- Фармацевтски факултет, Скопје
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Сметка: 100 0000000630 95
  • Износ: 1000ден)
  • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
  • Приходна шифра и програма: 723 013 41 начин 2
  • Цел на дознака: Уплата за ден-сесија