Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Пакет информации за упис на нови студенти на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Фармацевтски факултет во Скопје за академската 2022/2023 година – Трет уписен рок

Сите кандидати кои се имаат пријавено за упис во прва година, потребно е да ги прикачат потребните документи на системот upisi.ukim.mk и истите да ги испратите на маил upisi-ff@ukim.edu.mk.

Уписот во прва година во учебната 2022-2023 годна, ке се одвива електронски, без физичко присуство. Оригиналните документи ке ги достават примените кандидати по дополнително објавено соопштение.

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ВО ПРВА ГОДИНА

По Конкурсот за запишување студенти за во ПРВА година на студиските програми на ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје, ВО ТРЕТ УПИСЕН РОК, во учебната 2022/2023 ќе се запишат следниот број на студенти:

  • На студиска програма Магистер по фармација (10 семестри – петгодишни интегрирани студии од прв и втор циклус) ке се запишат:
    • 14 студенти во редовна квота со кофинансирање на студиите од 400 ЕУР годишно.
  • На студиска програма Лабораториско биоинжинерство (6 семестри – тригодишни студии од прв циклус) ке се запишаат:
    • 21 студенти во редовна квота со кофинансирање на студиите од 400 ЕУР годишно.
  • На студиска програма Диететика и диетотерапија (6 семестри – тригодишни студии од прв циклус) ке се запишаат:
    • 8 студенти во редовна државна квота со партиципација од 200 ЕУР и
    • 25 студенти во редовна квота со кофинансирање на студиите од 400 ЕУР годишно.

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

прв роквтор роктрет рок
Пријавување на кандидатите30 и 31.8.202215 и 16.9.202228.9.2022
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа)2.9.202220.9.2022
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа)7.9. 202223.9.202229.9.2022
Запишување на кандидатите12 и 13.9.202226.9.202230.9.2022

ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ЗА УПИС

Пред поднесување на документи во роковите утврдени со Конкурсот секој заинтересиран кандидат задолжителнотреба да се регистрира и да пополни електронска пријава на www.upisi.ukim.mk.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

  1. Пријава за запишување, образец А1 (од книжара) со упата од 50 денари за административна такса на образец ПП 50:
    • Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје;
    • Банка на примачот: НБРСМ;
    • Тансакциска сметка 100-0000000-630-95;
    • Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; (ХХХ е шифра на општина на кандидатот)
    • Конто 722313 00)
  2. Електронска пријава (испечатена од електронското пријавување на www.upisi.ukim.mk)
  3. Оригинални свидетелства од сите години
  4. Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  5. Извод од матична книга на родените (оригинал без оглед на датумот на издавање)
  6. Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  7. Припадниците на безбедносните сили, членовите на нивните семејства и други категории на лица утврдени со Законот за посебните права на денот на упис доставуваат документ од соодветниот орган (Дополнително доставување на документи не се признава)
  8. Потврда за уплатени 300,00 денари на образец ПП50 на следната жиро сметка:
Назив на примач:Фармацевтски факултет
Банка на примач:НБРМ
Цел на дознака:пријавување за упис на УКИМ – Фармацевтски факултет Скопје
Трансакциска сметка:100000000063095
Сметка на буџетски корисник:1600104553 788 12
Приходна шифра и програма:723013 41 начин 2

ЗАБЕЛЕШКА: Бидејки пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби.


ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ МАГИСТЕР ПО ФАРМАЦИЈА, ЛАБОРАТОРИСКО БИОИНЖЕНЕРСТВО И ДИЕТЕТИКА И ДИЕТОТЕРАПИЈА НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ СКОПЈЕ, ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2022-2023 ГОДИНА

  1. Индекс и студентска легитимација (од книжара);
  2. Три фотографии (две со димензии 3,5 х 4,5 за индекс и досие и една 2х3 за студентската легитимација);
  3. Образец за запишување семестар (целосно пополнет) (од книжара);
  4. Статистички образец ШВ-20 целосно пополнет (од книжара);
  5. Потврда за уплатени:
    • 100 ЕУР во денарска противвредност (6.150 денари) со задолжително внесување цел на дознака: прва рата државна квота за студентите запишани во државна квота
    • 200 ЕУР во денарска противвредност (12.300 денари) со задолжително внесување цел на дознака: прва рата кофинансирање на студииза студентите запишани во квота со кофинансирање на студиите
    • Уплатата за партиципација/кофинансирање се врши на образец ПП50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
      • Назив на примачот: УКИМ – Фармацевтски факултет, Скопје
      • Банка на примачот: НБРМ
      • Сметка: 100 0000000630 95
      • Износ: 6.150 ден. за студенти во државна квота или 12.300 ден. за студенти со кофинансирање
      • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
      • Приходна шифра и програма: 723 012 41 начин: 2
  6. Потврда за уплатени 1600 денари со цел на дознака: солидарна одговорност, книжен фонд, електронски услуги и осигурување, на образец ПП50 на жиро сметка на Фармацевтскиот факултет и ги содржи следните податоци:
    • Назив на примачот: УКИМ – Фармацевтски факултет, Скопје
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка: 100 0000000630 95
    • Износ: 1600 денари
    • Сметка на буџетски корисник: 1600104553 788 12
    • Приходна шифра и програма: 723 013 41 начин: 2
  7. Потврда за уплатени 750 денари со цел на дознака: ИКСА на УКИМ за Фармацевтски факултет образец ПП 50 на жиро сметка на Ректоратот на УКИМ со следните податоци:
    • Назив на примачот: Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје (УКИМ)
    • Банка на примачот: НБРМ
    • Сметка: 100 0000000630 95
    • Износ: 750 денари
    • Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
    • Приходна шифра и програма: 723 012 41 начин 2

Кандидатите задолжително да ги достават и сите документи кои ги имаат испратено при пријавување за упис во прва година на системот upisi.ukim.mk.

НАПОМЕНА:
  • Кандидатите примени во квота со кофинансирање потпишуваат изјава за кофинансирање на студии (се подига од студентски прашања при поднесување на документи за запишување на примените кандидати)
  • Примените кандидати потпишуваат договор за студирање според квотата во која се примени на Фармацевтскиот факултет

Поднесување на документите согласно конкурсот за упис на студенти во прва година на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Фармацевтски факултет, примените кандидатите ќе го извршат по следниот распоред:

На 30.09.2021 (петок):

  • Од 09:00 до 10:00 часот примени кадидати на студиска програма Магстер по фармација
  • Од 10:00 до 11:00 часот примени кадидати на студиска програма Лабораториско биоинженерство
  • Од 11:00 до 12:00 часот примени кадидати на студиска програма Диететика и диетотерапија