Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Известување од Институтот за применета биохемија

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат студентите што ќе полагаат испити во есенскиот испитен рок по предметите на Институтот за применета биохемија дека за време на одржување на испитот задолжително е да достават пријава за испит.

Студентите што нема да носат пријава за испит нема да бидат примени да полагаат и покрај тоа што го пријавиле претходно испитот електронски.

Студентите што не земале навремено оцени или порано положиле испит по изборните предмети треба исто така задолжително да достават пријава за испит покрај индекс во определените термини што ќе бидат објавени од страна на Институтот во тек на месец септември.

Од Институтот