Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Оглас за практиканство во БИОНИКА ФАРМАЦЕУТИКАЛС

Друштвото за производство и промет БИОНИКА ФАРМАЦЕУТИКАЛС ДОО Скопје, во тековната 2022 година отвара можност за реализација на практиканство за тројца студенти на  5-та година на Фармацевтскиот Факултет при УКИМ во Скопје.

Практиканството е предвидено да се одвива во:

  • Сектор производство на лекови, медицински средства и додатоци на исхрана
    • запознавање со производна документација
    • запознавање со производниот процес
    • запознавање со производниот процес
    • секундарно и терциерно производство
    • производни зони и опрема
  • Лабораторија за контрола на квалитет на лекови
    • запознавање со процесот на узорцирање, анализа на материјали, суровини, паковен материјал
    • проверка на резултати, споредба со специфицирани вредности
    • прием и евидентирање на реагенси
  • Сектор за обезбедување на квалитет
    • запознавање со ИСО стандарди и добра производна пракса
  • Сектор регистрации на лекови, медицински средства, додатоци на исхрана и фармаковигиланца.
    • припрема на “CTD” досие за лекови
    • документација за регистрација на додатоци на исхрана
    • изработка на ˮPSURˮ

CV да се испрати на следната e-mail адреса:
emilija.krstevska@varus.com.mk

Краен рок за апликација е 15.06.2022

Линк од документот