Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Соопштение за настава со физичко присуство

Се известуваат студентите на Фармацевтскиот факултет дека од 11/04/2022 теоретската настава ќе се изведува со физичко присуство во предавалните на Факултетот во согласност со ажуираниот распоред. Во случаи кога бројот на студенти го надминува капацитетот на предавалната во која се одвива предавањето (предавална 3 – 72 студенти, предавална 2 – 52 студенти, предавална 1 – 44 и предавална 4 – 20 студенти) и во случаи кога има студенти позитивни на КОВИД-19, наставата ќе се изведува со хидбриден модел односно предавањето покрај со физичко присуство ќе може да се следи и онлајн на МС Тимс. За време на предавањата задолжително е носење на заштитни маски. Се препорачува за време на паузите студентите да не се групираат.

Распоред летен семестар 2021-2022.xlsx

Фармацевтски факултет