Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Проф. д-р Александар Димовски избран за редовен член на МАНУ

Проф. д-р Александар Димовски избран за редовен член на МАНУ

На 30 март 2022 година, на 20-тото Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите, од Одделението за медицински науки, во статус на редовен член на Академијата во работниот состав, избран е проф. д-р Александар Димовски, редовен професор на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Изборот на проф. Димовски во редовен член на МАНУ е уште една потврда за неговата успешност и исклучителниот допринос во научната, академската и високо-образовната дејност.