Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

ДОСТАВУВАЊЕ НА ИНДЕКСИ ЗА ПОТПИС И ОЦЕНИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ФАРМАКОГНОЗИЈА

Почитувани студенти,

Во период  од 15.11.2021 до 19.11.2021 ќе може да се достават индекси за потпис и оцени од Институтот за фармакогнозија. Ќе бидат поставени кутии пред лабораторија 14 каде што ќе може да ги оставите индексите.

На ливче вметнато во самиот индекс назначете дали ви недостасува потпис и/или оцена и за кој предмет станува збор.

Доколку немате доставено пријава, ве замолуваме истото да го направите така што пријавата ќе ја ставите во самиот индекс.

Ве замолуваме да ја почитувате временската рамка за доставување на индекси.

Со почит,
Институт за фармакогнозија