Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Повик за учество на online дебата „ I HAVE SOMETHING TO SAY ABOUT MY FUTURE“

Европското движење во Република Северна Македонија, кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, традиционално, од своето оформување во 1991 година, го одбележува Денот на Европското обединување, 9 Мај. За таа цел, Европското движење, организира голем број активности кои придонесуваат кон размена на искуства, идеи и промоција на европските вредности. Оваа година, со оглед на состојбата со Ковид-19 и препораките за социјална изолација, поголем дел од активностите ќе бидат одржавни преку електронските платформи.

Една од тие активности е студентската дебата на тема: „I have something to say about my future“. Целта на оваа дебата е на студентите да им се даде шанса да ги споделат своите мислења на темата и да ги продискутираат со свои врсници.

Дебатата ќе се оддржи на 27 Апри 2021, преку Zoom.

Го покануваме вашиот Универзитет да биде дел од оваа дебата и студентите да ги споделат своите ставови. Секој универзитет треба да предложи  5 студенти кои ќе учествуваат.

Сите заинтересирани студенти за учество на дебата треба да достават пријави на е-маил адресите zost@ff.ukim.edu.mk и scvetanovski@ff.ukim.edu.mk најдоцна до 15 април.

Со почит,
ЕВРОПСКО ДВИЖЕЊЕ
Проф. д-р Милева Ѓуровска
Претседател на ЕДРМ
secretariat@europeanmovement.org.mk

Скопје, април, 2021