Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Оглас за прием на кандидати за специјализации на УКИМ Фармацевтски факултет-Скопје

О    Г    Л    А    С

За прием на кандидати за специјализации на УКИМ Фармацевтски факултет-Скопје

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Фармацевтски факултет – Скопје распишува оглас за пријавување на кандидати за специјализации по следниве гранки на специјализација:

  1. Државни специјализации
    • Санитарна хемија – 2 места
  2. Приватни специјализации
    • Испитување и контрола на лекови – 15 места
    • Фармацевтска технологија – 6 места
    • Фармакоинформатика – 6 места
    • Клиничка фармација – 10 места
    • Токсиколошка хемија – 3 места
    • Санитарна хемија – 3 места
    • Лековити растенија – фармакогнозија – 4 места
    • Аптекарска практика – 15 места

Заинтересираните кандидати согласно член 141 од Законот за здравствена заштита треба да ги исполнуваат следниве услови: завршена пробна работа, положен стручен испит и  лиценца за работа.

Кандидатите заедно со барањето за специјализација треба да ја достават следната документација:

  • уверение за завршен Фармацевтски факултет
  • уверение за положен стручен испит,
  • лиценца за работа,
  • македонско државјанство.

Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар во архивата на Факултетот или преку пошта на следнава адреса УКИМ Фармацевтски факултет-Скопје ул. Мајка Тереза бр. 47, Скопје. Огласот трае 30 дена сметано од денот на неговото објавување.

За дополнителни информации:
Тел. 02-3126032/121
e-mail:bema@ff.ukim.edu.mk

УКИМ Фармацевтски факултет-Скопје