Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Известување за потписи и оценки во индекс – Институт за фармацевтска технологија

Се известуваат студентите кои слушале предмети од Институтот за фармацевтска технологија во зимскиот семестар 2020/2021 и/или положиле испити во јануарската сесија 2021, да ги остават индексите за потпис/оценка во обележаните кутии на Влез од Зграда 2 во периодот од

23.03 до 30.03.2021. Студентите кои положиле испит во јануарската сесија, задолжително е да достават пријави во индексите по соодветниот предмет/и. Дополнително, во индексот да се остави ливче во кое се наведени предметите за кои се потребни потпис и/или оценка. Индексите ќе бидат потпишани до 5.04.2021 и ќе бидат вратени назад во кутиите каде што биле оставени (Влез од Зграда 2).

Од Институтот.