Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Презентација на програмата за практиканство во Алкалоид АД Скопје, 24.03.2021 година, среда, во 12:00 часот

Почитувани студенти,

Како резултат на долгогодишната успешна соработка помеѓу Фармацевтскиот факултет, УКИМ, Скопје и компанијата Алкалоид АД Скопје во остварување на практикантство, и оваа година со задоволство Ве покануваме на презентацијата  “Програма за млади таленти”.

Целта на презентацијата е запознавање на студентите со дејноста на Алкалоид АД Скопје, обемот и видот на задачи кои студентите би ги извршувале во тек на летната пракса во Алкалоид, начинот и условите за аплицирање, како и бенефитот кој студентите би го стекнале во поглед на своите практични знаења и способности со остварување на практиканството и секако, проширување на кариерните можности за студентите со стекнато практично искуство.

Презентацијата ќе се оддржи на 24.03.2021 година, среда, во 12:00 часот преку on-line платформата Webex.

Линк за пристап на презентацијата: 

https://alkaloid.webex.com/alkaloid/j.php?MTID=mdbe8101b905d71617001234850d253be

Сите заинтересирани студенти од Фармацевтскиот факултет, УКИМ, Скопје, од студиските програми Магистер по фармација и Дипломиран лабораториски биоинженер, се добредојдени!

Ве очекуваме!

Искрено Ваш,
Центар за кариера
Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје