Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Известување за термин за оценки во индекс по предметите од Институтот за фармацевтска технологија

Се известуваат студентите дека во периодот од 22.10 (четврток) до 28.10.2020 (среда) во означените кутии на ВЛЕЗОТ од ЗГРАДА 2 (на масата од лева страна) треба да ги остават индексите за оценка по предметите од Институтот за фармацевтска технологија. Оценките ќе бидат внесени најдоцна до 30.10.2020 (петок) и индексите ќе бидат оставени на Студентска служба. Студентите кои положиле предмет/и од Институтот за фармацевтска технологија во септемвриската сесија, задолжително е во индексот да достават и пријава за положениот предмет.

Од Катедрата