Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Известување за практични испити на Институтот за Фармацевтска технологија

Се известуваат студентите дека практичните испити од Институтот за Фармацевтска технологија ќе се одржат на 31.08.2020 година (понеделник) во следните термини:

Основи на Фармацевтска технологија – 09:00 – 10:00 часот

Фармацевтска технологија – 11:00 – 12:00 часот

Фармацевтска технологија напредно ниво – 13:00 – 14:00 часот

Биофармација – 15:00 – 16:00

Фармацевтско технолошки анализи – 17:00 – 18:00 часот.

Практичните испити ќе се одржат на платформата Microsoft Teams. Најдоцна до 26.08.2020 година ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се достават списоци на студенти кои ќе полагаат практични испити (за секој предмет посебно на lj.mihailova@ff.ukim.edu.mk и d.shalabalija@ff.ukim.edu.mk) со име, презиме, број на индекс и email адреса, со цел да се додадат на платформата и соодветниот тим.

Ги замолуваме сите студенти кои сеуште се немаат приклучено до платформата, тоа да го направат најдоцна до среда (26.08.2020г.). Доколку имате било какви проблеми контактирајте ја студентската служба.

Во четврток (27.08.2020 година) попладне ќе се одржи пробно тестирање каде ќе ви бидат дадени потребните инструкции за одвивање на практичните испити. За точниот термин на пробните тестирање дополнително ќе бидете известени на вашите email адреси во среда веднаш штом ги доставите списоците.

Од Институтот