Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Известување за Студентска служба на Фармацевтски факултет

Почитувани студенти

Условите поврзани со пандемијата со коронавирусот Ковид -19 наметнаа целата комуникација и работа на факултетите да се одвива по електронски пат.

Од таа причина, доколку имате потреба од контакт со Студентска служба на Фармацевтски факултет, во врска со барање, молба или потврда за редовен студент, истите испратете ги на studentskiprasanja@ff.ukim.edu.mk. Вработените во службата ќе одговорат во најкраток можен рок.

Со почит,
Студентска служба