Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Соопштение за презентација на Програмата за млади таленти – Практикантство во Алкалоид АД Скопје

Почитувани студенти,

Една од активностите што беа одложени во изминатиот период како последица на новонастанатата ситуација со COVID-19 вирусот, а согласно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија, беше и презентацијата на Програмата за млади таленти – Практикантство во Алкалоид АД Скопје.

Во договор со Алкалоид АД Скопје одлучивме дека и покрај предизвиците со кои сите се соочуваме, презентацијата ќе биде одржана, овој пат on-line, за сите заинтересирани студенти.

За подобра меѓусебна координација со Алкалоид АД Скопје, сите студенти од Фармацевтскиот факултет, Скопје, од 8ми и 10ти семестар од студиската програма Магистер по фармација и 6ти семестар од студиската програма Дипломиран лабораториски биоинженер, кои се заинтересирани да ја проследат презентацијата on-line можат да ги остават своите податоци со личната е-маил адреса на следниот линк:

https://docs.google.com/spreadsheets/d/1euyAGNaxSA4oICeJZseojA40O5XfLNMJUXQtptwdMZg/edit?usp=sharing

Рокот на доставување на податоците е 20.03.2020 година (петок) до 10:00 часот, а самата презентација ќе се одржи на 23.03.2020 година (понеделник).

Сите студенти кои ќе се пријават за презентацијата, веднаш по дадениот рок ќе добијат информативна порака од Одделот за Човечки ресурси на Алкалоид АД Скопје, со детали околу терминот на презентацијата и на која платформа истата ќе биде реализирана (заради Ваша подготовка од аспект на симнување на потребната апликација на вашите компјутери, смарт телефони или уреди).

Ви поскаувам успешна презентација и искуство со програмата за практикантство во Алкалоид АД Скопје.

Останете дома и бидете во добро здравје,

Ваш,

Центар за кариера

Фармацевтски факултет, Скопје