Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Соопштение за избори за Факултетско студентско собрание на Фармацевтски факултет УКИМ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТСКИ ИЗБОРИ

Се известуваат сите студенти на УКИМ – Фармацевтски факултет дека во четврток (28.11.2019 година) од 10:00 до 14:00 часот во предавална 4 ќе се одржат избори за членови и Претседател на Факултетско студентско собрание на Фармацевтски факултет, Универзите „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Сите студенти, кои имаат запишан зимски семестар во учебната 2019-2020 година, имаат право да излезат и својот глас да го дадат за кандидатите за членови од сите студиски програми и за Претседател на Факултетско студентско собрание на Фармацевтски факултет. Задолжително е студентите при гласањето да го носат својот Индекс.

Од Изборна комисија на Фармацевтски факултет