Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Соопштение за пријавување на испити за трета испитна сесија во учебната 2018-2019 година

Се известуваат студентите дека доставувањето на пријави за полагање на испитите за Трета испитна сесија (Aвгуст – Септември) ќе севрши во период од 24.07.2019 до 12.08.2019 година.

Студентите се должни во овој период да достават, пуштат пополнети пријави во сандучињата во холот на факултетот. Студентите запишани на студиската програма за Диететика и диетотерапија пријавите за испити ги доставуваат на шалтерот на факултетот.

Важно:
Во горенаведениот период се доставуваат пријави само во материјална форма.

Студентите се должни, електронски да ги пријават испитите во рокот за електронско пријавување и тоа од 24.07.2019 до 25.08.2019 година. Електронски се пријавуваат испитите за кои сте доставиле пријави на шалтерот или во соодветно обележаните сандачиња во холот на факултетот.

Пријавите потребно е да бидат читко пополнети со сите податоци, број на индекс, студиска програма, испитен рок, име и презиме, назив на предметот, семестар кога се слуша предметот (ВО КОЈ СЕМЕСТАР СЕ СЛУША ПРЕДМЕТОТ СПОРЕД СТУДИСКАТА ПРОГРАМА А НЕ ВО КОЈ СЕМЕСТАР ГО СЛУШАТЕ) како и да назначите дали предметот е изборен или задолжителен.

Студентите што нема да пуштат пријави или нема електронски да пријават испити во овој рок, не ќе може да ги полагаат испитите.

 Студентска служба