Пријавување на втор циклус студии - Втор уписен рок
Пријавувањето за втор циклус студии во втор уписен рок на Фармацевтски факултет ќе се врши до 13.02.2026 година.
Во академска 2025-2026 година може да се запипшат следниов број на студенти:
- Магистерски студии
- Здравствен менаџмент и фармакоекономија – 11 студенти
- Диететика и диетотерапија – 12 студенти
При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- пријавен лист за запишување;
- електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
- оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение), а за кандидатите кои завршиле во странство – Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија
- куса биографија (CV);
- потврда за активно познавање странски јазик;
- потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00);
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи.
Повеќе информации на следниот линк.
Пријавување на втор циклус студии
Пријавувањето за втор циклус студии на Фармацевтски факултет ќе се врши до 15.10.2025 година.
Во академска 2025-2026 година може да се запипшат следниов број на студенти:
- Специјалистички студии
- Здравствен менаџмент и фармакоекономија* – 15 студенти
- Фармацевтска регулатива – 30 студенти
- Хомеопатски лекови – 5 студнети
- Фармаковигиланца – 30 студенти
- Индустриска фармација – 22 студенти
- Магистерски студии
- Здравствен менаџмент и фармакоекономија – 15 студенти
- Диететика и диетотерапија – 15 студенти
- Лабораториска анализа и инженерство во фармацијата – 15 студенти
При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- пријавен лист за запишување;
- електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
- оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение), а за кандидатите кои завршиле во странство – Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија
- куса биографија (CV);
- потврда за активно познавање странски јазик;
- потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00);
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи.
Повеќе информации на следниот линк.
Прв академски час на Фарамцевтски факултет ќе се одржи за студиската програма Магистер по фармација во Предавална 3 од 13:00 часот, за студиските програми Лабораториско биоинженерство и Диететика и диетотерапија во Предавална 1 од 14:00 часот.
Известување за ЕРАЗМУС+ инфо-сесија
Почитувани колеги,
На 30 септември, вторник, од 14ч до 16ч ќе се одржи Еразмус инфо-сесија на која ќе има презентации од колеги кои што оваа година беа на студии на странски универзитети по Еразмус програмата за студентска мобилност и ќе бидат споделени информации и искуства.
Сите заитересирани кои размислуваат за аплицирање на конкурсот што заршува на 3ти октомври ќе можат да добијат повеќе информации.
Интерен оглас за студенти чие родителско право го врши само еден родител - 2025-2026 година
Врз основа на член 4 од Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2025/2026 година (бр. 02-1092/11 од 16.9.2025 г.), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објавува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година
Повеќе информации на следниот линк.
Известување за запишување и заверка на зимски семестар во учебната 2025-2026 година
Запишување и заверка на зимски семестар за учебната 2025-2026 година ќе се врши до 30.09.2025 година.
Повеќе информации на следниот линк.
Кандидатите имаат право на приговор на објавената листа со резултати од успех во средно образование. Приговорите се упатуваат до Конкурсната комисија на Фармацевтскиот факултет, исклучиво во електронска форма на upisi-ff@ukim.edu.mk. Рокот за приговори истекува на 17.09.2025 (среда) до 13:00 часот. Приговорите може да се однесуваат само на технички пропусти – грешки направени при пресметувањето на бодовите.
Повеќе инфорамции за запишување на примените кандидати на следниот линк.
Резултати од успехот од средно образование за кандидатите пријавени на Конкурсот за запишување на студенти во учебната 2025-2026 година
Кандидатите имаат право на приговор на објавената листа со резултати од успех во средно образование. Приговорите се упатуваат до Конкурсната комисија на Фармацевтскиот факултет, исклучиво во електронска форма на upisi-ff@ukim.edu.mk. Рокот за приговори истекува на 27.08.2025 (среда) до 13:00 часот. Приговорите може да се однесуваат само на технички пропусти – грешки направени при пресметувањето на бодовите.
Конкурс за запишување студенти на трет циклус академски студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2025/2026 година
Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2025/2026 година
Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2025/2026 година
Едукативен курс „Валидација на процеси во фармацевтска индустрија“
GMP Стручен состанок со меѓународно учество: Валидација на процеси во фармацевтска индустрија
4-5 јули 2025г. Фармацевтски факултет, УКИМ-Скопје
Пријавување на учество до: 25 јуни 2025г. на farmacevtskatehnologija@ff.ukim.edu.mk
Курсот е акредитиран од страна на Фармацеевтската комора на РС Македонија со 8 поени за предавачите и 6 поени за слушателите.
Фармацевтска игра







Со задоволство објавуваме дека минатата недела на Фармацевскиот факулет во Скопје започнавме со Фармацевтска игра како дел од професионалната пракса на студентите од 5та година на студиите на магистер на фармaција.Parmacy Game е иновативен образовен модел, кој вклучува симулација на аптека, дизајниран на начин да испорача учење и искуство во аптекарската пракса на студентите низ игра. Наменет е да го интегрира целото претходно знаење и да го насочи кон развој на професионалност и професионален идентитет на студентите. Pharmacy game е успешно имплементирана во наставната програма на 10 универзитети низ целиот свет како University of Groningen и University of Utrecht во Холандија, Vrije Universiteit во Брисел, University of Bath-Велика Британија, University of Oslo-Норвешка, вклучувајќи го и нашиот Универзитет Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оваа игра е наменета да го интегрира целото претходно знаење и да го насочи кон развој на професионален идентитет на студентите. Играта е поддржана преку веб-платформа на која студентите интерактивно учат на забавен и многу ефикасен начин, стекнувајќи вештини, знаење и самодоверба за справување со предизвиците од реалната пракса.
Предвање на тема: РЕЗИСТЕНТНОСТ ВО ТЕРАПИЈАТА НА РАК – УЛОГАТА НА КАРБОНИЛ-РЕДУЦИРАЧКИТЕ ЕНЗИМИ, од проф. д-р Владимир Сол
На 20 мај 2025 година (вторник), со почеток во 13:00 часот, во предавална 1 на Фармацевтскиот факултет ќе се одржи гостинско предавање од проф. д-р Владимир Сол, редовен професор по биохемија на Фармацевтскиот факултет, Универзитет “Чарлс” во Прага, Чешка Република.
Темата на предавањето е:
„РЕЗИСТЕНТНОСТ ВО ТЕРАПИЈАТА НА РАК – УЛОГАТА НА КАРБОНИЛ-РЕДУЦИРАЧКИТЕ ЕНЗИМИ“
Предавањето е од отворен карактер и наменето за академски кадар, истражувачи и докторанди со интерес за фармацевтските и медицинските науки, во областа на биохемијата.
„Кариерен пат на еден алумни”
Драги студенти,
Со големо задоволство ја најавуваме првата работилница од серијалот „Кариерен пат на еден алумни”. 👩🎓👩🔬
Ве покануваме да ни се придружите на “Чај со Маја од Алкалоид”!🫖🌺🍃
Маја Стефкова е магистер по фармација, специјалист по фармацевтска технологија и менаџер на одделот Билкарство во Алкалоид АД Скопје.
▪︎ Датум: 09.05.2025
▪︎ Место: предавална 3 на ФФ
▪︎ Време: 13:00 часот
Ве очекуваме на чај-разговор 🫖☕️,
кариерни искуства и совети 😉
Предавање на тема „Клинички аспекти на акутните труења со лекови“ од проф. д-р Нико Беќаровски
На 5 мај 2025 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во предавална 2 на Фармацевтскиот факултет ќе се одржи гостинско предавање од проф. д-р Нико Беќаровски, специјалист по интерна медицина, еминентен професор и стручњак од областа на клиничката токсикологија при Медицинскиот факултет во Скопје, со долгогодишно професионално искуство на Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Темата на предавањето е:
„Клинички аспекти на акутните труења со лекови“
Присуството на предавањето е задолжително за:
- студентите на студиската програма Магистер по фармација кои ја следат наставата по предметот Токсикологија,
- студентите од програмата Лабораториско биоинженерство кои ја следат наставата по предметот Токсиколошки форензични анализи.
Предавањето е од отворен карактер и се покануваат сите заинтересирани студенти и колеги од Факултетот да присуствуваат.
Свечено доделување на дипломи за дипломирани студенти 04.04.2025 година
Денес 4.4.2025 година во просториите на УКИМ – Фармацевтски факултет, по повод 48 годишнината од основањето на факултетот, свечено беа доделени дипломите на нашите колешки и колеги кои завршија со своите додипломски студии на студиските програми Магистер по фармација, Лабораториски биоинжинер и Диететика и диетотерапија. На сите им посакуваме многу здравје и успешни професионални кариери.
Повеќе инфорамции за запишување на примените кандидати на следниот линк.
НАПРЕДНИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ФАРМАЦЕВТСКАТА ДЕЈНОСТ И УПОТРЕБА ОД ЗАКОНСКО РЕГУЛИРАЊЕ
Центарот за континуирана едукација при Фармацевтскиот факултет реализираше интересен настан каде што науката и технологијата се спојуваат за подобра фармацевтска дејност!
Од инспиративни воведни предавања, преку интересни панел дискусии, откривме дека напредните технлогии се неизбежен дел во секој сегмент од фармацијата. Од образованието, преку истражувањата и подобрување на процесот на откривање на лекови до оптимизирање на грижата за пациентите преку персонализирани планови за лекување, напредните технологии го менуваат начинот на кој фармацевтите и здравствените работници ги испорачуваат здравствените услуги. Како што напредува употребата на напредните технологии во фармацијата, таа со себе носи значителни предизвици, заради што и неминовна е потребата за соодветна законска рамка која ќе ја гарантира безбедноста, ефикасноста и етичките стандарди.
Благодарност до предавачите и сите оние кои што беа дел од настанот и ја делат визијата за иднината на фармацевтска дејност. Особено не радува што на овој хибриден настан учествуваа над 180 учесници.
Погледнете ја галеријата за да ја видите дел од атмосферата.
Потпишан меморандум за соработка со Агенцијата за лекови и медицински средства
Деканот на Фармацевтски факултет-Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Зоран Стерјев и в.д. директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства Сефедин Јонузи денеска 14 февруари 2025 година потпишаа меморандум за соработка од заеднички интерес кои се темели на искористувањето на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови на двете страни насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на фармацијата.
Меѓусебната соработка на потписниците на овој меморандум ќе се реализира во различни домени од делокругот на нивната работа, а посебно внимание ќе се даде на следните полиња на соработка: работа на развојно-истражувачки проекти, апликативни проектни задачи, консултативни активности и експертски услуги и едукативни активности.
Конечна листа на примени кандидати за докторски студии на Фармацевтски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за учебната 2024-2025 година
Предавање од проф. д-р Невена Ивановиќ од Фармацевтски факултет при Универзитетот во Белград, Србија
Проф. д-р Невена Ивановиќ од Фармацевтски факултет при Универзитетот во Белград, Србија како визитинг професор ќе гостува на Фармацевтскиот факултет во Скопје. На 3.12.2024 (вторник) со почеток во 13 часот во предавална 1, ќе одржи предавања на тема:
„Преку користење на нутритивните декларации до соодветен избор на прехранбени производи“ „Пробиотици – механизам на дејство, здравствени придобивки и употреба“
Предавањата се од отворен карактер и сите заинтересирани можат да присуствуваат.
Дополнително, визитинг професорот, проф. д-р Невена Ивановиќ од Фармацевтски факултет при Универзитетот во Белград, Србија, за студентите на програмата магистер по фармација на ден 5.12.2024 (четврток) во предавална 1 со почеток во 11 часот, ќе одржи предавања на тема „Храна-лекови интеракција“ и „Генетски модифицирани организми“.
Драги матуранти, наши идни студенти!
Ве покануваме на „Отворен ден на Фармацевтски факултет“ при Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, којшто ќе се одржи на 5 декември 2024, во два термина:
⏰ во 11:00 часот и во 13:00 часот.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, и за кариерните можности 👩🎓👨🎓💡📈
Направете го вистинскиот избор!
Се гледаме на 5 декември!
Конечна листа на примени кандидати за докторски студии на Фармацевтски факултет за учебната 2024-2025 година
Распоред за ден-сесија на Фармацевтски факултет – Трета испитна сесија 2023-2024 година - со измена!
Распоредот за испитит за ден-сесија во трета испитна сесија е достапен на следниот линк.
Инфо термин за Еразмус студентска размена
Ве покануваме на информативна средба за Еразмус студентска размена, среда, 02.10.2024 година, во 14:30 часот во предавална 4.
Решение за прием на студенти во прва година во учебната 2024-2025 година на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје - Втор уписен рок
Известување за прв академски час за учебната 2024-2025 година
Првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи на 1 октомври о.г. на платото кај паметникот на светите Кирил и Методиј во кампусот Ректорат, со почеток во 10 часот.
Првиот академски час на Фармацевтски факултет ќе се одржи истиот ден во 14:00 часот за студиската програма Магистер по фармација, односно во 14:30 часот за студиските програми Лабораториско биоинженерство и Диететика и диетотерапија.
Повеќе информации на следниот линк.
Известување за ден-сесија на Фармацевтски факултет – Трета испитна сесија 2023-2024 година
Се известуваат студентите дека Фармацевтскиот факултет организира полагање во дополнителна ден-сесија за студентите на сите студиски програми на Факултетот.
Повеќе информации на следниот линк.
Известување за запишување на зимски семестар и заверка на летен семестар во учебната 2024-2025 година
Се известуваат студентите дека е отворен системот за упис на зимски семестар 2024-2025 година.
Повеќе информации на следниот линк.
Резултати од успехот од средно образование за кандидатите кои конкурираа на Конкурсот за запишување на студенти во учебната 2024-2025 година - Втор уписен рок
Решение за прием на студенти во прва година во учебната 2024-2025 година на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје - Прв уписен рок
Резултати од успехот од средно образование за кандидатите кои конкурираа на Конкурсот за запишување на студенти во учебната 2024-2025 година
Конкурс за студентска мобилност во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата - академска 2024-2025 година
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за индивидуална мобилност за студенти на високообразовните институции.
Повеќе информации на следниот линк.
Конкурсот за запишување студенти на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година
- Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година
- Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година
Соопштение за префрлување на студенти на студиските програми на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје – 2024-2025 година
Поднесување на барање за префрлањето на студиските програми на Фармацевтски факултет за:
- Кандидати од другите Универзитети
- Кандидати – студенти на матичниот факултет, кои сакаат да се префрлат од еден на друг смер и
- Кандидати кои не ги завршиле започнатите студии во рокот предвиден за завршување на студиите, односно:
- Студентите од студиската програма – Магистер по фармација, запишани во учебната 2014/2015 година треба да ги завршат своите студии (да дипломираат) најдоцна до 30.09.2024 година.
- Студентите од студиските програми – Лабораториски биоинженер и Диететика и диетотерапија, запишани во учебната 2018/2019 година треба да ги завршат своите студии (да дипломираат) најдоцна до 30.09.2024 година.
- Доколку овие студенти не ги завршат своите студии, односно не дипломираат до 30.09.2024 година, истите треба да поднесат документи за префрлување во соодветнта нова студиска програма.
Поднесување на документи ќе се врши во период од 13.09.2024 до 23.09.2024 година.
Повеќе информации на следниот линк.
Семинар „ЗЕЛЕНИ ПЕРСПЕКТИВИ ВО ФАРМАЦИЈАТА – КВАЛИТЕТ СО ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“
Повеќе информации на следниот линк.
Оглас за демонстратори за учебната 2025-2026 година - летен семестар
Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за демонстратори за летен семестар во учебната 2025-2026 година:
- 1 (еден) демонстратор на Институт за фармацевтска хемија
Повеќе информации на следниот линк.
EДУКАТИВЕН КУРС: „УСЛУГА ЗА НОВ ЛЕК – УНЛ“
Центарот за континуирана едукација при Фармацевтскиот факултет, УКИМ – Скопје ги поканува сите заинтересирани фармацевти да се пријават на напредниот едукативен курс посветен на фармацевтската услуга „Услуга за нов лек (УНЛ)” — структурирана клиничко-фармацевтска интервенција насочена кон поддршка на пациентите при започнување нова терапија.
Повеќе информации на следниот линк.
Известување за пријава на аптека/и за професионална пракса во летен семестар 2025-2026 година
Фармацевтски факултет-Скопје во претстојниот летен семестар 2026 година ќе ја реализира професионалната практика за студентите во 10-тиот семестар од студиите.
Повеќе информации за пријавувње на аптеки на следниот линк.
Отворен ден на Фармацевтски факултет, УКИМ во СКОПЈЕ



Доколку сте заинтересирани за студии што нудат квалитетно знаење, а истовремено отвораат врата кон многубројни кариерни можности, Ве очекуваме на Отворениот ден на Фармацевтскиот факултет, УКИМ во Скопје!
📅 Датум: 12.12.2025
📍 Локација: Фармацевтски факултет, УКИМ во Скопје
⏰ Време: од 11 часот и од 13 часот
Што ве очекува?
📚 Презентација на студиските програми – дознајте ги можностите што ги нуди Фармацевскиот факултет.
🔬 Посета на предавални, лаборатории и апликативни центри на факултетот – запознајте се со современата опрема, истражувачките и апликативни капацитети.
👩🔬 Средба со професорите и студентите – слушнете ги искуствата на студентите, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности…
🎓 Корисни информации за уписниот процес – подготвени од нашиот тим за поддршка на идни студенти.
Изберете професија што создава разлика. Започнете ја вашата приказна токму тука.
Се гледаме на 12 декември во 11:00 и во 13:00 часот на Фармацевтски факултет, УКИМ во Скопје!
Отворен ден на УКИМ
🎓 ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
12 декември 2025 година
👋 Драги матуранти – идни студенти,
📅 Ве покануваме на традиционалниот Отворен ден на УКИМ, кој и оваа година ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите, во два термина: од 11:00 до 13:00 часот и од 13:00 до 15:00 часот.
📚 Настанот ќе овозможи директно запознавање со студиските програми, активностите на студентите, работата на центрите за кариера и со сите академски, истражувачки и професионални можности што ги нуди Универзитетот. Ќе можете да разговарате со професорите и студентите, да поставувате прашања за студиските програми, стипендиите, студентскиот живот, практикантството и меѓународната размена.
🏫 Преку посетата ќе се запознаете со просторните капацитети на факултетите, како што се амфитеатрите, лабораториите и другите наставно-научни објекти.
🌟 Студирајте на Универзитетот со најдолга академска традиција во нашата земја. Учете од најдобрите – студирајте на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Зелена хроматографија: дел 3
Драги студенти,
Како дел од Програмата за млади таленти на „Алкалоид“ АД Скопје, ве информираме за објавата на повикот во соработка со Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Доколку сте подготвени за нов предизвик и во потрага по практично искуство во најсовремената тренинг-лабораторија на „Алкалоид“ АД Скопје, ве известуваме за отворањето на 12 (дванаесет) слободни места за студенти од Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје кои сакаат да се вклучат во едукативно-апликативниот проект на тема
„Зелена хроматографија: дел 3“
Избраните студенти ќе учествуваат во иницијативите кои ќе го интегрираат теоретското знаење добиено преку едукативни работилници во практично, со специфичен акцент врз зелената (еколошки прифатлива) аналитичка хемија (Green Analytical Chemistry, GAC).
Оваа исклучителна прилика ќе ви овозможи да ги проширите своите знаења во однос на актуелните трендови и предизвици во развојот на еколошки прифатливи хроматографски методи; ќе имате можност добиеното теоретско знаење да го примените во пракса на конкретни случаи за потребите на фармацевтската индустрија; ќе се здобиете со компетенции за примена на иновативни пристапи во развојот на хроматографски методи што ќе бидат во согласност со GAC-концептот и што ќе ги зголемат вашите вештини за работа во аналитичка лабораторија.
Услови за апликација:
– редовен студент на студиската програма Магистер по фармација од прв и од втор циклус на интегрирани студии;
– ислушан предмет Аналитика на лекови и легислатива.
Сите заинтересирани студенти може да аплицираат со доставување на следните документи на intern@Alkaloid.com.mk:
- CV,
- транскрипт на потпис од ислушан предмет Аналитика на лекови и легислатива.
Првите 12 (дванаесет) студенти кои ќе го изразат својот интерес ќе бидат земени предвид за учество во предметниот проект.
Краен рок за аплицирање е 08.12.2025.
Конечните одбрани кандидати ќе бидат контактирани од Одделот за човечки ресурси на „Алкалоид“ АД Скопје и од Центарот за кариера при УКИМ.
Дојди, Запознај се, Приклучи се!
👩🎓Драги студенти,
На 03.12.2025 (среда), со почеток во 10:00 часот, во предавална 3 на Фармацевтскиот факултет – Скопје, компанијата „Зегин“ ќе одржи презентација за можностите што ги нуди за своите вработени, програмата „Зегин Младина“, како и за доделувањето на студентски стипендии.
За учество пополнете го следниов линк.
Одлична шанса да се информирате и да поставите прашања од прва рака.
Ве очекуваме!
Оглас за пријавување на кандидати за запишување односно одобрување на специјализации
Повеќе информации на следниот линк.
Одлука за распишување избори на членови и претседател на Факултетско студентско собрание
Повеќе информации на следниот линк.
Оглас за доделување на стипендии на студенти од социјално загрозени семејства, запишани во прв и втор интегриран циклус студии во академската 2025/2026 година
Фондација Др. Верица Механџиска објавува Оглас за доделување на 4 (четири) стипендии на редовни студенти од социјално загрозени семејства, запишани во прв и втор интегриран циклус студии на Фармацевтски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во академската 2025/2026 година
Повеќе информации на следниот линк.
Интерен конкурс за избор на научен потенцијал на годината на Фармацевтски факултет УКИМ за 2024 година
Повеќе информации на следниот линк.
Интерен конкурс за избор на најдобар научник на Фармацевтски факултет УКИМ за 2024 година
Повеќе информации на следниот линк.
“Низ светот со Ирена од НовоНордиск”
Драги студенти,
Со големо задоволство ја најавуваме втората работилница од серијалот ,,Кариерен пат на еден алумни”. 👩🎓👩🔬
Ве покануваме да ни се придружите на “Низ светот со Ирена од НовоНордиск”! ✈️💊🌏
Ирена Минов е магистер по фармација, специјалист по испитување и контрола на лекови и постар директор за квалитет во НовоНордиск А/С.
▪︎ Датум: 20.11.2025
▪︎ Место: предавална 3 на ФФ
▪︎ Време: 12:00 часот
Ве очекуваме на кариерно патување низ светот, од Скопје, Копенхаген, преку Куала Лумпур и Брисел 😉 🗺️
Конечна ранг листа за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година
Повеќе информации на следниот линк.
Анкетата за Европската студентска картичка (European Student Card Survey 2025)
Повик за платена научна пракса на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија
Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC) нуди платенa научнa пракса за научни практиканти. Подетални информации, профил на кандидати и критериуми се достапни во Анекс I во следниов линк за апликација.
За практикантствата што почнуваат во март 2026 година, JRC овозможува учество на околу педесет (50) научни практиканти, во различни тематски области како здравство, индустрија и вселена, природни ресурси, мобилност, граѓанска безбедност за општеството, животна средина и климатски промени, нуклеарна безбедност и сигурност, управување со кризи, дигитална трансформација и податоци, сајбер безбедност, вештачка интелигенција итн.
Местото на пракса може да биде едно од следниве локации на JRC: Гел (Белгија), Испра (Италија), Карлсруе (Германија), Петен (Холандија) или Севиља (Шпанија).
Лицата кои ќе аплицираат на Повикот потребно е да пратат потврда за својата апликација на следната e-mail адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk
Покана за предавање на Проф. д-р Шарарех Салар-Бехзади, Фармацевтски факултет, Универзитет во Грац, Австрија.
Истражувачки центар за фармацевтско инжинерство (RCPE)
(Sharareh Salar-Behzadi, Department of pharmaceutical technology and biopharmacy, University of Graz, Austria; Research Center Pharmaceutical Engineering (RCPE) GmbH)
Почитувани колеги,
Со особена чест и задоволство Ве покануваме на академско предавање на Проф. д-р Шарарех Салар-Бехзади, вонреден професор на одделот за Фармацевтска технологија и биофармација при Фармацевтскиот факултет на Универзитетот во Грац, Австрија
📅 Датум: 15/10/2025 (среда)
🕒 Време: 14.00
📍 Локација: Фармацевтски факултет, Амфитеатар 3
🎓 Наслов на предавањето:
Spray Drying of Lipid-Based Formulations for Advanced Drug Delivery to the Lung
(Липидни формулации подготвени со метод на спреј сушење како современи дозирани форми за администрација на лекови во белите дробови)
Предавањето е наменето за академскиот кадар, истражувачите и докторандите со интерес во областа на фармацевтските и медицинските науки, како и за сите кои се ангажирани во истражување во фармацевтската технологија и биофармација.
Професорката е автор на над 60 научни трудови и 5 патенти, со повеќе од 1000 цитирања и h-индекс 18. Нејзиниот интерес е во истражувањето на материјали за фармацевтска примена, анализа на структурата и функцијата на фармацевтските ексципиенси, со фокус на современи системи базирани на липиди, инженерство на честички за различни начини на администрација, меѓу кои и до белите дробови.
Проф. Салар-Бехзади соработува со голем број фармацевтски компании, компании за ексципиенси и опрема и добила значително финансирање за нејзината работа на современи терапевтски системи базирани на липиди.
Ве покануваме да присуствувате и да учествувате во дискусијата по предавањето, која ќе претставува можност за академска размена и нови истражувачки перспективи.
Со почит,
Деканат на Фармацевтски факултет
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје
Конкурс за студентска мобилност во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата – за летниот семестар во академската 2025/2026 година
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува КОНКУРС за студентски мобилности во рамки на програмата ЕРАЗМУС+
Индивидуална мобилност за студенти за летен семестар во академската 2025/2026 година
Повеќе информации на следниот линк.
Втор симпозиум на Македонското фармацевтско друштво на тема: „Клиничко-фармацевтски услуги за специфични популации: Педијатриска, геријатриска и диетотерапевтска грижа“
Почитувани колеги,
Ве известуваме дека пријавувањето на апстракти и регистрацијата на учесници за претстојниот Втор симпозиум на Македонското фармацевтско друштво на тема:
„Клиничко-фармацевтски услуги за специфични популации: Педијатриска, геријатриска и диетотерапевтска грижа“,
кој ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември 2025 година, во хотел „Дрим“, Струга, како и за едукативниот курс: УСЛУГА ЗА НОВ ЛЕК (New Medicine Service – NMS)
е достапно преку следниот линк:https://pharmacypractice2025.mk/
Стипендии за истражувачи, докторски студии и пост-докторски студии, за студенти од земјите во Централна и Источна Европа за академската 2026/2027 година
Повеќе информации на следниот линк.
🎯 Од студент до вработен за само 48 часа!
🚀 RE – Hackathon: 48 Hours to MedRep
📍 Локација: Netaville Coworking Space
📅 Датум: 26.09.2025 | 11:00 – 15:00
👩🎓👨🎓 Дали си студент на крај од студии на Фармацевтски, Медицински или Стоматолошки факултет?
🚗 Ако си активен возач со амбиција за кариера во маркетинг и продажба во фармацевтска индустрија?
✨ Имаш енергија, афинитет и желба да се издвоиш?
Те повикуваме на Хакатон предизвик каде за 48 часа ќе поминеш пат од студент до понуда за работа на позиција:
👉 Медицински претставник во Реплек.
🎤 Те очекуваат:
- Тимска работа на реални предизвици
- Pitch Yourself – претстави се во 120 секунди!
- Поддршка од ментори – од Реплек
- Нетворкинг, сертификати и welcome пакет
🌟 Со изборот на најдобрите, со вработувањето веднаш следи вклучување во Replek Academy – уникатна програма за развој на идни медицински претставници.
💡 Ова е твојата шанса да бидеш дел од фармацевтска приказна која остава трага.
📲 Аплицирај веднаш на kariera@replek.mk Тел: 075 397 518
Конкурс за студентска мобилност во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата – за зимски семестар во академската 2025/2026 година
The University of “St. Cyril and Methods” in Skopje objavuva COMPETITION for student mobility within the framework of the ERASMUS+ program
Individual mobility for students per semester from academic year 2025/2026
More information on the following link .
Оглас за демонстратори за учебната 2025-2026 година
Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за демонстратори за учебната 2025-2026 година:
- 1 (еден) демонстратор на Институт за фармацевтска технологија
- 2 (два) демонстратор на Институт за применета хемија и фармацевтски анализи
- 1 (еден) демонстратор на Институт за фармацевтска хемија
- 2 (два) демонстратор на Институт за применета биохемија
Повеќе информации на следниот линк.
“ЛЕТЕН КЛУБ “МЛАДИНА” за нови почетоци со новата летна програма за практиканство!
Стани дел од нашиот летен клуб, дел од Програмата HUB#МЛАДИНА и запознај ги бенефитити што ги нуди истата!
- Ќе добиете ментор и ќе го следите целиот процес под Менторство и реална обука;
- Ќе се стекнете со Практично искуство во професија – ќе ги видите бенефитите да си фармацевт во аптека или кој е нашиот “смарт фармацевт”;
- Ќе ги запознаете иновациите во делот на истражување и развој , во областа на фармацевтско аптекарско работење;
- И можност за Кариера со многу бенефити од програмата за млади – МЛАДИНА;
- Покривање на целиот износ на трошоци за добивање на лиценца од Фармацевска Комора на Македонија – по завршување на праксата и вработување.
Започнете ја кариерата преку платена пракса во Лениот Клуб за фармацевти!
Доколку сте:
- Студенти на редовни студии на Фармацевтски факултет во 8ми или 10ти семестар (студиска програма Магистер по фармација) при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје,
- Не сте во работен однос,
- Можете да извршувате практикантска работа во времетраење од два месеци во летниот период (01.07.2025 до 31.08.2025).
Аплицирај веднаш на следниот линк! Испрати CV преку полето Пријави се и очекувај да те контактираме.
Програма за прва заедничка годишната конференција на докторски студии Летен семестар 2024/2025 година
Повеќе информации на следниот линк.
Известување за пријава на аптека/и за професионална пракса во летен семестар 2024-2025 година
Фармацевтски факултет-Скопје во претстојниот летен семестар 2025 година ќе ја реализира професионалната практика за студентите во 10-тиот семестар од студиите.
Повеќе информации за пријавувње на аптеки на следниот линк.
Оглас за пријавување на кандидати за запишување односно одобрување на специјализации
Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за запишување на специјализации.
Повеќе информации на следниот линк.
Отворен оглас за стипендии за студенти и млад научен кадар од сите научни области за следење на курсеви по германски јазик на високообразовни институции во Баварија, Сојуна Република Германија во 2025 година
Стипендијата за следење на курсевите со физичко присуство ја покрива школарината, сместувањето и оброците. Кандидатите треба се граѓани на РСМ, да имаат најмалку Б1 ниво на познавање на германскиот јазик, да имаат запишано најмалку трет семестар на единицата на УКИМ и да достават уверение со оцени од положените испити. Крајниот рок за аплицирање е 23 март 2025 година.
Повеќе информации на следниот линк.
Програмата за млади таленти на „Алкалоид“ АД Скопје
Нови предизвици за студентите од Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје!
Како дел од Програмата за млади таленти на „Алкалоид“ АД Скопје, во соработка со Центарот за кариера на УКИМ, 12 студенти ќе имаат можност да се вклучат во едукативно-апликативниот проект на тема „Зеленa хроматографија: дел 2 – нови пристапи и решенија“.
Прочитајте повеќе за условите и за начинот на пријава на:
https://bit.ly/povik-za-studenti-2024
Одлука за распишување избори на членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Фармацевтски факултет Скопје
Се распишуваат избори за 22 членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Фармацевтски факултет во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Изборите за членовите и претседателот ќе се одржат на 11.12.2024 година (среда), со електронско гласање во период од 10:00-14:00 часот.
Повеќе информации на следниот линк.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје објавува Конкурс за стипендирање на 20 студенти по фармација
Повеќе информации на следниот линк.
Оглас за пријавување на кандидати за запишување односно одобрување на специјализации
Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за запишување на специјализации за вработени здравствени работници во јавни здравствени установи
Повеќе информации на следниот линк.
Интерен оглас за студенти чие родителско право го врши само еден родител - 2024-2025 година
Врз основа на член 4 од Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2024/2025 година (бр. 02-952/3 од 20.9.2024 г), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објавува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2024/2025 година
Повеќе информации на следниот линк.
Оглас за демонстратори за учебната 2024-2025 година
Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за демонстратори за учебната 2024-2025 година:
- 1 (еден) демонстратор на Институт за фармакогнозија
- 1 (еден) демонстратор на Институт за фармацевтска технологија
- 1 (еден) демонстратор на Институт за применета хемија и фармацевтски анализи
- 2 (два) демонстратор на Институт за фармацевтска хемија
Повеќе информации на следниот линк.
Конечна ранг листа за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2024/2025 година
Повеќе информации на следниот линк.
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ И ПРАКТИЧНИ ПРИСТАПИ ЗА РАЗВОЈ НА ПРОЕКТИ
Центарот за кариера на Фармацевтски факултет, УКИМ во Скопје
во соработка со Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности организира дводневна обука на 03.10 и 04.10.2004 на Фармацевтскиот факултет, на тема:
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ И ПРАКТИЧНИ ПРИСТАПИ ЗА РАЗВОЈ НА ПРОЕКТИ
Повеќе информации на следниот линк.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува Отворен повик за доделување 40 (четириесет) стипендии за студенти кои ќе се запишат на прв циклус студии на факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2024/2025 година.
Повеќе информации за аплицирање и за потребната документација се достапни на следниот линк.
Kраен рок за доставување на апликациите е 30 август 2024 година.
Годишен состанок на Генералната европска мрежа на официјални лаборатории за контрола на квалитет на лекови


















Во периодот од 13 до 17 мај 2024 година во Охрид се одржа 29-тиот годишен состанок на Генералната европска мрежа на официјални лаборатории за контрола на квалитет на лекови (GEON). На овој состанок присуствуваа повеќе од 230 учесници, со претставници на 63 официјални лаборатории за контрола на квалитет на лекови (OMCLs) од 38 земји.
Домаќин на овој настан беше Центарот за испитување и контрола на квалитетот на лековите, при Фармацевтскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје со поддршка на Македонската агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и ко-организизација со Европскиот директорат за квалитет на лекови и здравствена заштита (EDQM). Во рамките на овој настан беше одбележана и 30-годишнината од GEON, како и 60-годишнината на EDQM и 75-тата годишнина на Советот на Европа.
Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година
Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година
Предавање на тема „Мезопорозни материјали како потенцијални носачи за испорака на лекови“ од Проф. Барбара Јадах, Фармацевтски факултет при Универзитет во Познан, Полска
Проф. Барбара Јадах (Barbara Jadach) од Универзитетот во Познан, Полска, гостува на Фармацевтскиот факултет во рамките на активниот ЦЕЕПУС проект и на 18.04.2024 година со почеток во 12:00 часот во предавална 2, ќе одржи предавање на тема „Мезопорозни материјали како потенцијални носачи за испорака на лекови“ (Mesoporous materials as potential carriers for drug delivery).
Свечено доделување на дипломи за дипломирани студенти на прв и прв и втор циклус студии













„УПРАВУВАЊЕ СО РЕЗУЛТАТИ ВОН ТРЕНД/СПЕЦИФИКАЦИЈА/ОЧЕКУВАЊА“
Почитувани Колеги,
Фармацевтскиот факултет, УКИМ-Скопје, на 31 мај и 1 јуни 2024 година организира едукативен курс на тема: „УПРАВУВАЊЕ СО РЕЗУЛТАТИ ВОН ТРЕНД/СПЕЦИФИКАЦИЈА/ОЧЕКУВАЊА“.
Курсот ќе пружи опсежна и детална обработка на тематиката преку конкретни студии на случаи од практиката за управувањето со резултати вон спецификација (OOS) и вон тренд (OOT), што е од особена важност за фармацевтските компании како производители на лекови. Курсот е соодветен за професионалци-почетници во ДПП, како и за професионалци кои сакаат да го ажурираат и да го надградат своето знаење од областа на ДПП.
Учеството и работата на учесниците на курсот ќе биде евалуирана со цел издавање на сертификат од организаторот.
Курсот ќе биде акредитиран од Фармацевтска комора на Македонија.
Краен рок на пријавување: 26.05.2024
Цена на чинење на курсот: 15000,00 денари + ДДВ. За учество на настанот, котизацијата треба да е платена најдоцна до 28 мај 2024 год.
За дополнителни прашања, Ве молиме обратете се на: farmacevtskatehnologija@ff.ukim.edu.mk
Ве молиме да го регистрирате Вашето учество на следниов линк: https://forms.gle/ZtCQNe3NDJNwNf9D8
„УПРАВУВАЊЕ СО РЕЗУЛТАТИ ВОН ТРЕНД/СПЕЦИФИКАЦИЈА/ОЧЕКУВАЊА“
Почитувани Колеги,
Ве потсетуваме дека Фармацевтскиот факултет, УКИМ-Скопје, на 31 мај и 1 јуни 2024 година организира едукативен курс на тема: „УПРАВУВАЊЕ СО РЕЗУЛТАТИ ВОН ТРЕНД/СПЕЦИФИКАЦИЈА/ОЧЕКУВАЊА”.
Во прилог Ви ја испраќаме деталната програма за настанот.
Учеството и работата на учесниците на курсот ќе биде евалуирана со цел издавање на сертификат од организаторот.
Курсот ќе биде акредитиран од Фармацевтска комора на Македонија.
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 29.05.2024
Цена на чинење на курсот: 15000,00 денари + 18% ДДВ.
За дополнителни прашања, Ве молиме обратете се на:
farmacevtskatehnologija@ff.ukim.edu.mk
Ве молиме да го регистрирате Вашето учество на следниов линк:
https://forms.gle/ZtCQNe3NDJNwNf9D8
Со почит,
Институт за фармацевтска технологија,
Фармацевтски факултет, УКИМ – Скопје
МАГИСТРЕ 2024
Стручен едукативен состанок: „Унапредување на квалитетот на аптекарската практика поттикнато од професијата - Работиме заедно!
Почитувани Колеги,
Поради големиот интерес за учество на стручно едукативниот состанок „Унапредување на квалитетот на аптекарската практика поттикнато од професијата – Работиме заедно!“, Ве известуваме дека настанот ќе биде ХИБРИДЕН, односно дел од регистрираните учесници ќе имаат можност да го следат настанот онлајн.
Со оглед на просторните капацитети на амфитеатарот на Фармацевтски факултет, Ве замолуваме на следниот линк ( https://forms.gle/uo5cPsRvsUZEjt4g6 ) да изберете дали сте за физичко присуство на настанот или истиот ќе го следите онлајн.
Напомена: бројот на учесници со физичко присуство е ограничен и по пополнување на капацитетите од 130 учесници, опцијата – физичко присуство ќе биде затворена.
Учесниците кои ќе го следат настанот онлајн, во текот на следната недела ќе добијат известување на нивните електронски адреси за начинот на вклучување и следење на настанот, со цел регулирање на поени за учество од страна на Фармацевтска комора РСМ.
Со почит,
Фармацевтски факултет, УКИМ-Скопје
Свечено доделување на дипломи за дипломирани студенти на прв и прв и втор циклус студии
Почитувани студенти,
Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по повод 47 години од своето постоење, Ве поканува на свечено доделување на дипломи за студентите кои ги завршиле студиите во 2022 и 2023 година.
Промоцијата на дипломи ќе се одржи на 04.04.2024 година на Фармацевтски факултет во предавална 3 со почеток:
- во 11:00 часот за дипломирани студенти на интегрирани студии од прв и втор циклус на студиска програма Магистер по фармација и
- во 13:00 часот за дипломирани студенти на прв циклус студии за студиските програми Лабораториско биоинженерство и Диететика и диетотерапија
Стручен едукативен состанок: „Унапредување на квалитетот на аптекарската практика поттикнато од професијата - Работиме заедно!
Фармацевтски факултет по повод 47 години од своето постоење организира Стручен едукативен состанок на тема „Унапредување на квалитетот на аптекарската практика поттикнато од професијата - Работиме заедно!
За учесниците, котизацијата е бесплатна по претходно регистрирање и пополнување на прашалникот:
https://forms.gle/64eZb5FnaBuUCKsy8
Настанот ќе биде акредитиран од страна на Фармацевтска комора на Р.С. Македонија
Презентација на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere - INNO SAE






Денес во просториите на Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ, се одржа јавна презентација на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere – INNO SAE. Студентите од УКИМ – Фармацевтски факултет во учествуваа со два развиени прототипови и тоа: 1. Фармасет – уред со светлосна и звучна сигнализација наменетен за надминување на проблемот со непридржување до терапијата со лекови.
2. Гастросенс – уред кој ја детектира промената на pH вредноста во желудникот и дава звучен сигнал при последователни промени на вредноста на pH како резултат на прекумерен внес на храна.
Четврток, 07.12.2023 година, на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Фармацевтски факултет, ќе се изврши јавна презентација на резултатите од проектите на Министерство за образование и наука за унапредување на условите во лабораториите на високообразовните и научните установи.
Оглас за пријавување на кандидати за запишување односно одобрување на специјализации на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје Фармацевтски факултет – Скопје
Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за запишување на специјализации за вработени здравствени работници во јавни здравствени установи. Повеќе информации на следниот линк.
Промоција на вакцинацијата во аптекa
Почитувани, Центарот за континуирана едукација при Фармацевтскиот факултет УКИМ во соработка со Македонско фармацевтско друштво на 21.12.2023 (четврток) со почеток во 17:00 часот на on-line платформата ZOOM организира континуирана едукација на тема: "Промоција на вакцинацијата во аптекa" Линк за регистрација Котизација: 1500 ден. Податоци за уплата: Фармацевтски факултет Депонент НБРМ Буџетска сметка: 100000000063095 Сметка на буџетски корисник 160010455378827 Приходна шифра: 723119 Програма: 41 Цел на дознака: за семинар По извршената уплата, продолжете со процесот на регистрација.
НАЧЕЛА И ПРАКТИКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПЕДИЈАТРИСКИ ПАЦИЕНТИ
Почитувани Колеги,
Центарот за континуирана едукација, Фармацевтски факултет, УКИМ-Скопје на ден 28.11. 2023 година, ќе организира еднодневно стручно усовршување на тема: “НАЧЕЛА И ПРАКТИКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПЕДИЈАТРИСКИ ПАЦИЕНТИ”.
Ве покануваме да бидете дел од овој настан што ќе се одржи во хибридна форма со физичко присуство во просториите на Фармацевтскиот факултет или online учество.
Курсот е акредитиран од Фармацевтската Комора на РС Македонија со 4 поени.
Линк за пријавување: https://forms.gle/9wdNrdbYnKdVma6TA
Цената за учество: 2000 МКД
Рок за пријавување: 27.11.2023
За дополнителни прашања, Ве молиме обратете се на cke@ff.ukim.edu.mk.
Оглас за доделување на 10 ступендии - Фондација „Д-р Верица Механџиска“
Фондација Др. Верица Механџиска веќе долго време низ годините е една од најзначајните карактеристики од целокупноста на компанијата Зегин. Со хуманост, грижа и секојдневна помош, фондацијата придонесува во посреќно и здраво општество. Со цел поддршка на студентите, мотивирање на младите за учење и градењето на квалитетни генерации кои ќе продолжат да ја шират хуманоста во секојдневието, на ден 24.10.2023, Зегин преку Фондација Др. Верица Механџиска објавува, оглас за доделување на 10 (десет) стипендии на редовни студенти од социјално загрозени семејства, запишани во прв и втор интегриран циклус студии на Фармацевтски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во скопје во академската 2023/2024 година. Повеќе информации на следниот линк.
Листата на 2% најцитирани научници во светот според листата на Универзитетот Стенфорд
Проф. д-р Билјана Бауер од УКИМ – Фармацевтски факултет, оваа година повторно се најде на листата на 2% најцитирани научници во светот според листата на Универзитетот Стенфорд. Листата на научници кои се рангирани на најновата објава на Elsevier Data Repository може да се погледне на следниот линк. Ова претставува голем успех за проф. Билјана Бауер, за Фармацевтси факултет и Универзитетот Св. Кирил и Методиј. По тој повод во Ректоратот на УКИМ, Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова и Проректорката за наука проф. д-р Валентина Гечевска остварија средба со професорите на УКИМ кои и оваа година се најдоа на Листата највлијателни 2% научници во светот.















Централно европски симпозиум за фармацевтска технологија „CESPT 2023“ – примена на иновации и нанотехнологија во фармацијата
Студентските денови се неповторливи и вредни, па затоа е потребно да се искористат максимално во поглед на знаењето, а и во поглед на уживањето во истите, секако со помош на друштвото, но и со помош на поддршката од страна на Министерството за образование и наука и Шпаркасе Банка АД Скопје. Во академската 2023/2024 година дел од поддршката за студентите доаѓа во форма на проектот за субвенциониран студентски оброк.
Повеќе информации на следниот линк.
Конкурс за студентска мобилност во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата - академска 2024-2025 година
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за индивидуална мобилност за студенти на високообразовните институции.
Повеќе информации на следниот линк.








































