Menu Close

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува Отворен повик за доделување 40 (четириесет) стипендии за студенти кои ќе се запишат на прв циклус студии на факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2024/2025 година.

Повеќе информации за аплицирање и за потребната документација се достапни на следниот линк.

Kраен рок за доставување на апликациите е 30 август 2024 година.

Годишен состанок на Генералната европска мрежа на официјални лаборатории за контрола на квалитет на лекови

Во периодот од 13 до 17 мај 2024 година во Охрид се одржа 29-тиот годишен состанок на Генералната европска мрежа на официјални лаборатории за контрола на квалитет на лекови (GEON). На овој состанок присуствуваа повеќе од 230 учесници, со претставници на 63 официјални лаборатории за контрола на квалитет на лекови (OMCLs) од 38 земји.

Домаќин на овој настан беше Центарот за испитување и контрола на квалитетот на лековите, при Фармацевтскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје со поддршка на Македонската агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и ко-организизација со Европскиот директорат за квалитет на лекови и здравствена заштита (EDQM). Во рамките на овој настан беше одбележана и 30-годишнината од GEON, како и 60-годишнината на EDQM и 75-тата годишнина на Советот на Европа.

Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година

Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година

Предавање на тема „Мезопорозни материјали како потенцијални носачи за испорака на лекови“ од Проф. Барбара Јадах, Фармацевтски факултет при Универзитет во Познан, Полска

Проф. Барбара Јадах (Barbara Jadach) од Универзитетот во Познан, Полска, гостува на Фармацевтскиот факултет во рамките на активниот ЦЕЕПУС проект и на 18.04.2024 година со почеток во 12:00 часот во предавална 2, ќе одржи предавање на тема „Мезопорозни материјали како потенцијални носачи за испорака на лекови“ (Mesoporous materials as potential carriers for drug delivery).

Свечено доделување на дипломи за дипломирани студенти на прв и прв и втор циклус студии

Денес 4.4.2024 година по повод 47 годишнината од основањето на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во просториите на факултетот свечено беа доделени дипломи на нашите колешки и колеги кои завршија со своите додипломски студии на студиските програми Магистер по фармација, Лабораториски биоинженер и Диететика и диетотерапија.
На сите им посакуваме многу здравје и успешни професионални кариери.

„УПРАВУВАЊЕ СО РЕЗУЛТАТИ ВОН ТРЕНД/СПЕЦИФИКАЦИЈА/ОЧЕКУВАЊА“

Почитувани Колеги,

Фармацевтскиот факултет, УКИМ-Скопје, на 31 мај и 1 јуни 2024 година организира едукативен курс на тема: „УПРАВУВАЊЕ СО РЕЗУЛТАТИ ВОН ТРЕНД/СПЕЦИФИКАЦИЈА/ОЧЕКУВАЊА“.

Курсот ќе пружи опсежна и детална обработка на тематиката преку конкретни студии на случаи од практиката за управувањето со резултати вон спецификација (OOS) и вон тренд (OOT), што е од особена важност за фармацевтските компании како производители на лекови. Курсот е соодветен за професионалци-почетници во ДПП, како и за професионалци кои сакаат да го ажурираат и да го надградат своето знаење од областа на ДПП.

Учеството и работата на учесниците на курсот ќе биде евалуирана со цел издавање на сертификат од организаторот.

Курсот ќе биде акредитиран од Фармацевтска комора на Македонија.

Краен рок на пријавување: 26.05.2024

Цена на чинење на курсот: 15000,00 денари + ДДВ. За учество на настанот, котизацијата треба да е платена најдоцна до 28 мај 2024 год.

За дополнителни прашања, Ве молиме обратете се на: farmacevtskatehnologija@ff.ukim.edu.mk

Ве молиме да го регистрирате Вашето учество на следниов линк: https://forms.gle/ZtCQNe3NDJNwNf9D8

„УПРАВУВАЊЕ СО РЕЗУЛТАТИ ВОН ТРЕНД/СПЕЦИФИКАЦИЈА/ОЧЕКУВАЊА“

Почитувани Колеги,
Ве потсетуваме дека Фармацевтскиот факултет, УКИМ-Скопје, на 31 мај и 1 јуни 2024 година организира едукативен курс на тема: „УПРАВУВАЊЕ СО РЕЗУЛТАТИ ВОН ТРЕНД/СПЕЦИФИКАЦИЈА/ОЧЕКУВАЊА”.
Во прилог Ви ја испраќаме деталната програма за настанот.
Учеството и работата на учесниците на курсот ќе биде евалуирана со цел издавање на сертификат од организаторот.
Курсот ќе биде акредитиран од Фармацевтска комора на Македонија.
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 29.05.2024
Цена на чинење на курсот: 15000,00 денари + 18% ДДВ.
За дополнителни прашања, Ве молиме обратете се на:
farmacevtskatehnologija@ff.ukim.edu.mk
Ве молиме да го регистрирате Вашето учество на следниов линк:
https://forms.gle/ZtCQNe3NDJNwNf9D8
Со почит,
Институт за фармацевтска технологија,
Фармацевтски факултет, УКИМ – Скопје

МАГИСТРЕ 2024

Со задоволство Ве покануваме и оваа година, на петти април, со почеток од 10 часот во холот на Фармацевтскиот факултет во Скопје, каде што ќе се одржи добро познатиот Натпревар за комуникациски вештини и советување пациенти во аптека – “Магистре”.
На натпреварот ќе учествуваат 5 студенти од четврта и петта година на студии од студиската програма Магистер по фармација и истите ќе ги покажат своите комуникациски вештини и знаење во симулирана аптека, каде што професорите се во улога на пациенти, а учесниците во улога на фармацевти во аптека.
Ве очекуваме!

Стручен едукативен состанок: „Унапредување на квалитетот на аптекарската практика поттикнато од професијата - Работиме заедно!

Почитувани Колеги,

Поради големиот интерес за учество на стручно едукативниот состанок „Унапредување на квалитетот на аптекарската практика поттикнато од професијата – Работиме заедно!“, Ве известуваме дека настанот ќе биде ХИБРИДЕН, односно дел од регистрираните учесници ќе имаат можност да го следат настанот онлајн.
Со оглед на просторните капацитети на амфитеатарот на Фармацевтски факултет, Ве замолуваме на следниот линк ( https://forms.gle/uo5cPsRvsUZEjt4g6 ) да изберете дали сте за физичко присуство на настанот или истиот ќе го следите онлајн.

Напомена: бројот на учесници со физичко присуство е ограничен и по пополнување на капацитетите од 130 учесници, опцијата – физичко присуство ќе биде затворена.

Учесниците кои ќе го следат настанот онлајн, во текот на следната недела ќе добијат известување на нивните електронски адреси за начинот на вклучување и следење на настанот, со цел регулирање на поени за учество од страна на Фармацевтска комора РСМ.

Со почит,

Фармацевтски факултет, УКИМ-Скопје

Свечено доделување на дипломи за дипломирани студенти на прв и прв и втор циклус студии

Почитувани студенти,

Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по повод 47 години од своето постоење, Ве поканува на свечено доделување на дипломи за студентите кои ги завршиле  студиите во 2022 и 2023 година.

Промоцијата на дипломи ќе се одржи на 04.04.2024 година на Фармацевтски факултет во предавална 3 со почеток:

  • во 11:00 часот за дипломирани студенти на интегрирани студии од прв и втор циклус на студиска програма Магистер по фармација и
  • во 13:00 часот за дипломирани студенти на прв циклус студии за студиските програми Лабораториско биоинженерство и Диететика и диетотерапија

Стручен едукативен состанок: „Унапредување на квалитетот на аптекарската практика поттикнато од професијата - Работиме заедно!

Почитувани Колеги,
 
Ви благодариме на големиот интерес за учество на стручниот состанок наменет за фармацевтите во аптека.
Во прилог Ви ја доставуваме програмата на настанот.
Пополнувањето на анкетниот прашалник и регистрацијата на учесници ќе биде отворена до петок, 22.03.2024 год. до 12 часот напладне:
Стручно едукативниот состанок е акредитиран со 4 бодови од Фармацевтската комора на Р.С. Македонија, а котизацијата за учесниците е бесплатна.
 
Со почит,
Фармацевтски факултет,
УКИМ-Скопје

Фармацевтски факултет по повод 47 години од своето постоење организира Стручен едукативен состанок на тема „Унапредување на квалитетот на аптекарската практика поттикнато од професијата - Работиме заедно!

За учесниците, котизацијата е бесплатна по претходно регистрирање и пополнување на прашалникот:

https://forms.gle/64eZb5FnaBuUCKsy8

Настанот ќе биде акредитиран од страна на Фармацевтска комора на Р.С. Македонија

Презентација на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere - INNO SAE

Денес во просториите на Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ, се одржа јавна презентација на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere – INNO SAE. Студентите од УКИМ – Фармацевтски факултет во учествуваа со два развиени прототипови и тоа: 1. Фармасет – уред со светлосна и звучна сигнализација наменетен за надминување на проблемот со непридржување до терапијата со лекови.
2. Гастросенс – уред кој ја детектира промената на pH вредноста во желудникот и дава звучен сигнал при последователни промени на вредноста на pH како резултат на прекумерен внес на храна.

Четврток, 07.12.2023 година, на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Фармацевтски факултет, ќе се изврши јавна презентација на резултатите од проектите на Министерство за образование и наука за унапредување на условите во лабораториите на високообразовните и научните установи.

Оглас за пријавување на кандидати за запишување односно одобрување на специјализации на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје Фармацевтски факултет – Скопје

Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за запишување на специјализации за вработени здравствени работници во јавни здравствени установи.
Повеќе информации на следниот линк.

Промоција на вакцинацијата во аптекa

Почитувани,
Центарот за континуирана едукација при Фармацевтскиот факултет УКИМ во соработка со Македонско фармацевтско друштво на 21.12.2023 (четврток) со почеток во 17:00 часот на on-line платформата ZOOM организира континуирана едукација на тема: "Промоција на вакцинацијата во аптекa"
Линк за регистрација
Котизација: 1500 ден.
Податоци за уплата: Фармацевтски факултет Депонент НБРМ
Буџетска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник 160010455378827
Приходна шифра: 723119 Програма: 41
Цел на дознака: за семинар
По извршената уплата, продолжете со процесот на регистрација.

Конкурс за стипендирање

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ - Скопје, објавува конкуср за стипендирање на 20 студенти од 3та или 4та година на студии.
Рок за пријавување од 01.11.2023 до 16.11. 2023 година

НАЧЕЛА И ПРАКТИКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПЕДИЈАТРИСКИ ПАЦИЕНТИ

Почитувани Колеги,
Центарот за континуирана едукација, Фармацевтски факултет, УКИМ-Скопје на ден 28.11. 2023 година, ќе организира еднодневно стручно усовршување на тема: “НАЧЕЛА И ПРАКТИКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПЕДИЈАТРИСКИ ПАЦИЕНТИ”.
Ве покануваме да бидете дел од овој настан што ќе се одржи во хибридна форма со физичко присуство во просториите на Фармацевтскиот факултет или online учество.
Курсот е акредитиран од Фармацевтската Комора на РС Македонија со 4 поени.
Линк за пријавување: https://forms.gle/9wdNrdbYnKdVma6TA
Цената за учество: 2000 МКД
Рок за пријавување: 27.11.2023
За дополнителни прашања, Ве молиме обратете се на cke@ff.ukim.edu.mk.

Оглас за доделување на 10 ступендии - Фондација „Д-р Верица Механџиска“

Фондација Др. Верица Механџиска веќе долго време низ годините е една од најзначајните карактеристики од целокупноста на компанијата Зегин. Со хуманост, грижа и секојдневна помош, фондацијата придонесува во посреќно и здраво општество. Со цел поддршка на студентите, мотивирање на младите за учење и градењето на квалитетни генерации кои ќе продолжат да ја шират хуманоста во секојдневието, на ден 24.10.2023, Зегин преку Фондација Др. Верица Механџиска објавува, оглас за доделување на 10 (десет) стипендии на редовни студенти од социјално загрозени семејства, запишани во прв и втор интегриран циклус студии на Фармацевтски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во скопје во академската 2023/2024 година.
Повеќе информации на следниот линк.

Листата на 2% најцитирани научници во светот според листата на Универзитетот Стенфорд

Проф. д-р Билјана Бауер од УКИМ – Фармацевтски факултет, оваа година повторно се најде на листата на 2% најцитирани научници во светот според листата на Универзитетот Стенфорд. Листата на научници кои се рангирани на најновата објава на Elsevier Data Repository може да се погледне на следниот линк. Ова претставува голем успех за проф. Билјана Бауер, за Фармацевтси факултет и Универзитетот Св. Кирил и Методиј. По тој повод во Ректоратот на УКИМ,  Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова и Проректорката за наука проф. д-р Валентина Гечевска остварија средба со професорите на УКИМ кои и оваа година се најдоа на Листата највлијателни 2% научници во светот.

Централно европски симпозиум за фармацевтска технологија „CESPT 2023“ – примена на иновации и нанотехнологија во фармацијата

Фармацевтскиот развој и потенцијалот на нано медицината и нанотехнологијата, нивното присуство во клиничката терапија и ефектите во терапевтските третмани и во современата дијагностика беше централна тема на 14-тиот Централно европски симпозиум за фармацевтска технологија  „CESPT 2023“, што се одржа во Охрид од 28 до 30 септември. Повеќе информации на следниот линк.

Студентските денови се неповторливи и вредни, па затоа е потребно да се искористат максимално во поглед на знаењето, а и во поглед на уживањето во истите, секако со помош на друштвото, но и со помош на поддршката од страна на Министерството за образование и наука и Шпаркасе Банка АД Скопје. Во академската 2023/2024 година дел од поддршката за студентите доаѓа во форма на проектот за субвенциониран студентски оброк.

Повеќе информации на следниот линк.